
Мицкоски во посета на црквата Св. Никола во Њу Џерси: „Врската со Македонците ширум светот е приоритет“
Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил сподели дека ја посетил црквата Свети Никола во Њу Џерси.
„Во посета на црквата Св. Никола во Њу Џерси.
Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот.
Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“, вели Мицкоски.

