
Мицкоски: Во наредниот период ќе и зададеме шах-мат на Владата
Преговорите за влез на Алијанса за Албанците во Влада нема да смени ништо на подобро, туку напротив тоа ќе бидат уште неколку функционери кои со влезот во власта сакаат да станат уште побогати.
Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Петровец. Според него СДСМ и ДУИ ја претвораат политичката сцена во Македонија во естрада поради што се губи надежта на граѓаните дека нешто ќе се смени на подобро.
„Јас не очекувам нешто повеќе да се промени, напротив, работите ќе бидат сѐ полоши, ќе имаме неколкумина побогати политичари кои ќе бидат носители на функции, сега од редот на Алијанса за Албанците, а народот буквално нема да добие ништо. Во шахот не е суштината да дадете шах, туку во шахот суштината е да дадете мат. Набргу од денеска ќе бидеме сведоци на еден таков мат кој што ќе го добие оваа влада на ДУИ подржана од СДСМ и сега засилена со неколкумина политичари кои што гледаат како да бидат малку побогати во наредните десетина месеци“, вели Мицкоски.