
МИЦКОСКИ ВО ЈАНУАРИ НЕ ПРОБАЛ ЛУБЕНИЦА, ЦРЕШИ, КАЈСИИ И ПРАСКИ, А НЕ ПИЕЛ НИ НЕСКАФЕ: „Забележав работи кои навистина ми делуваат чудни“, вели премиерот
Премиерот Христијан Мицкоски вчера истакна дека пресметката на минималната кошница треба да се базира на објективни параметри и дека во неа има одредени нелогичности.
„Ја добив таа методологија и ја читав, и забележав работи кои навистина ми делуваат многу чудни. Еве, јас во јануари дел од овие производи не ги пробав – диња, лубеница, грозје, цреши, кајсии, праски. Не испив 250 грама лименка нес кафе, не пушам цигари, а таму се и цигари. Малку е нелогично да имате цигари во минимална кошничка“, изјави Мицкоски.
Вчерашните разговори за усогласување на минималната плата не резултираа со договор, а работниците очекуваат покачување во март. Синдикатот претходно побара минималецот да изнесува 450 евра, укажувајќи дека четиричлено семејство не може да ги покрие основните месечни трошоци со помалку од 1.000 евра. Македонскиот минималец останува меѓу најниските во регионот.

