Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Власта да не го кочи предложениот закон за продолжена важност на пасошите
Македонија

Мицкоски: Власта да не го кочи предложениот закон за продолжена важност на пасошите

15/02/2024

AA

Очекувам дека Оливер Спасовски ќе сноси одговорност за тоа што го има направено како надлежен ресорен министер во МВР, дали тоа ќе биде како резултат на оваа кривична пријава сега или на некоја кривична пријава или кривични пријави набрзо од денес, тоа ќе видиме. Немам голема доверба во октроираното обвинителство и судство, но да видиме, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

На прашањето дека денеска е избран нов јавен обвинител, Мицкоски истакна дека тој е изгласан од сегашното владејачко мнозинство, но преку  поднесената кривичната пријава за Оливер Спасовски треба новиот јавен обвинител да покаже дали ќе продолжи да биде слеп послушник на политиките на раководството на СДСМ и ДУИ, или ќе се одважи.

Па нов обвинител кое што старото мнозинство си го избра. Од тоа што можам да видам гледам дека бил прилично лојален изминатиот период на ова старо мнозинство кое ќе биде за неколку месеци. Но, ајде да дадеме шанса па да видиме дали ќе продолжи трендот на неговиот претходник да биде безгласна буква и слеп послушник на политиките на раководството на СДСМ и ДУИ, или ќе се одважи. И еве му шанса сега преку ова кривична пријава за Оливер Спасовски да покаже дека во Македонија можат да владеат законите и дека може да се врати вербата и довербата во институциите, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема вина за хаосот со патните документи, бидејќи и покрај активната блокада од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, владејачкото мнозинство поминале многу закони со злоупотреба на европското знаменце, при што доколку сакале ќе ги изгласаа и измените во законите за лични документи.

Не би се сложил дека активната блокада е пречка доколку некој сакаше тоа да го направи, бидејќи тие поминаа многу закони во парламентот на брза трака со злоупотреба на европското знаменце. Така што доколку сакаа или пак ако некој мислеше и имаше стратешка цел тоа да се случи тоа и ќе го направеа. Но, тие за жал тоа не го направија. Не поради тоа што покажуваа пркос, туку едноставно затоа што беа зафатени со пљачкање и разграбување на државата. И нормално фокусот беше ВМРО-ДПМНЕ и јас изминатите години, наместо да си ја работат работата за тоа за кое што се платени и надлежни. Така што доколку таму постоеше искрена желба кај овие европејци, тогаш наместо да се однесуваат како мафијаши во крими филмовите, тие можеа да си ја завршат работата за која што се платени, смета тој.

Претседателот Мицкоски го повика мнозинството на власта да го поддржат и изгласаат законот кој го предложи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за продолжена важност за пасошите.

Доколку постои желба и во актуелното мнозинство сега во парламентот сега ќе се случи и ќе се надмине овој проблем, односно ќе се поддржи законот кој што го предложи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со кој што законот кои што ги третира патните документи, односно пасошите ќе биде продолжено времетраењето на важноста на истите, укажа Мицкоски.

Мицкоски потсети на изјавите на тогашниот портпарол на владата на СДСМ и ДУИ, Миле Бошњаковски кој на прес конференција рекол дека нема да има вонредна процедура за вадење на лични документи односно како ќе истекува рокот на важење на старите документи така тие ќе се обновуваат, но како што рече тој брутално ги излажал граѓаните.

И ако се вратите наназад во времето, кога оној капитулантски договор го потпишуваше оваа влада и ги слушнете изјавите на тогашниот портпарол на влада Бошњаковски, а сега прв соработник на Стево Пендаровски ќе ви стане јасно дека тој ја убедува јавноста дека практично нема да има вонредна процедура за вадење на лични документи, а со цел промена на истите, поради условите кои што се содржани во тој капитулантски договор кој што оваа влада го потпиша. Тој тогаш вели дека како ќе истекува рокот на важење на старите документи така тие ќе се обновуваат. Значи брутално лажење. Замислете тоа доаѓа од устата на тогашниот портпарол на владата. Тоа значи дека кога портпарол кажува став тој го кажува ставот на целата влада, нагласи Мицкоски и додаде дека реалноста денеска е дека потребни се најмалку две години за сите пасоши кои до овој момент се во сопственост на македонските граѓани да бидат променети.

И каква е денеска реалноста? Денеска реалноста е дека ние физички и математички во овој момент во идеални услови без да има дефект во работењето на уредите кои ги печатат пасошите ви се потребни најмалку година и пол до две години за  да сите пасоши кои до овој момент се во сопственост на македонските граѓани, бидат издадени.

На прашањето што ќе направат со патните исправи, Мицкоски рече:

Многу едноставно. Има закон во парламентот, ако сега не се изгласа, следното мнозинство ќе поднесе ист таков закон со кој што ќе се продолжи важноста на патните документи односно пасошите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy