Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 46 милиони евра за 4 години за инфраструктурни проекти во Битола
Македонија

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 46 милиони евра за 4 години за инфраструктурни проекти во Битола

14/11/2023

AA

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 46 милиони евра за 4 години за инфраструктурни проекти во Битола.

„Денеска како дел од теренската активност „Важно е! Од тебе зависат промените“ сме во Битола заедно со потпретседателот Николоски, градоначалникот Коњановски, пратеничките во парламентот Лозановска и Ангелевска, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Пеце. Тука сме во Битола заедно со битолчани, луѓето од администрацијата на Битола, со советниците.

Сакаме да поразговараме за она што е важно за битолчани, а кое што понатаму би било дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори кои ќе се случат за неколку месеци од денес. Имајте предвид дека односот на владата на ДУИ и СДСМ кон општините каде што имаме градоначалник од редовите ВМРО-ДПМНЕ би рекол е се само не е државнички, намерно се опструираат проекти, не се инвестира, се одземаат ингеренции како што е и последниот случај со општина Битола во делот на образованието. И замислете каква дрскост одземени се ингеренции во делот на образованието во рок од 1 година.

Лошата вест за владата на ДУИ и СДСМ е што за неколку месеци ќе има влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и за жал нема да бидат тие таму каде што наметнуваат вакво насилничко однесување и одземаат ингеренции во рок од една година. Правдата ќе биде задоволена.

И затоа сакаме да поразговараме директно со битолчани, да видиме што е тоа што е важно бидејќи планираме преку проектот децентрализирање на средства од државниот буџет кон општините од прилика 46 милиони евра за Битола, односно од прилика 11,5 милиони евра на годишно ниво. И на тој начин сите оние потреби кои што до сега ги имаме детектирано, но и оние кои што дополнително денеска, но и до почетокот на кампањата ќе ги детектираме а се потреба на битолчани да ги реализираме. Сума од 46 милиони евра надвор од буџетот на општина Битола и јавните претпријатија, се пари кои ќе бидат директно финансирани од централниот буџет и ќе бидат инвестирани.

Денеска се наоѓаме пред влезот на Битола од страната на Прилеп, проект кој е вреден 2,5 милиони евра, или 150 милиони денари, и ако на тоа се додаде експропријацијата би достигнал вредност од 180 милиони денари.
Ова е проект кој што очекуваме да биде опфатен со реструктуирањето на буџетот на крајот на годината, сега во декември, и преку амандманска интервенција од страна на пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ од овде од Битола да бидат обезбедени тие средства кои што потоа ќе легнат на наменска сметка на Битола, и ќе можеме од пролет да се реализира овој проект, бидејќи проектот е готов, ревидиран и подготвен да се тендерира. Но, доколку тоа не се случи, тогаш ова ќе биде прв проект кој што владата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола ќе го финансира заедно со спортскиот центар вреден околу 10 милиони евра, влезот од страната на Ресен повторно 2,5 милиони евра, нови 10 автобуси за јавното сообраќајно претпријатие на електричен погон, еколошки автобуси, итн.

Многу проекти сега да не откриваме се, би сакале да поразговараме со битолчани за тоа што е важно а тоа што е важно за битолчани, важно е и за ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш сакам да се заблагодарам на можноста денеска да бидам овде во Битола и да направиме увид на тековните проекти кои што во моментот општина Битола ги реализира“, вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy