Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски вели дека имаат проблем да најдат луѓе што ќе работат во администрација: „Никој нема да дојде за 25 илјади плата“
Македонија

Мицкоски вели дека имаат проблем да најдат луѓе што ќе работат во администрација: „Никој нема да дојде за 25 илјади плата“

27/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари истакна дека не е заробеник на проценти и дека јавната администрација се соочува со голем проблем за наоѓање кадар без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци поради аздисаноста на функционерите од нејзината партија и празнењето на државниот буџет што доведе до тоа истиот да не е во состојба да понуди добри плати.

„Поврзано со прашањето и поврзано со примањата во јавната администрација морам да ви признам дека ние денеска во суштина имаме голем проблем да најдеме луѓе коишто ќе работат во јавната администрација без разлика дали тие се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци итн. Имаме отворени конкурси и молиме луѓе да се вработат, но не сакаат бидејќи имаат подобра и подобро платена работа. Верувајте ми, ова ви го кажувам од прво име“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Е сега има вработени како тие од Лотарија на Македонија, најголемиот дел активисти на вашата политичка партија или блиски на активисти на вашата политичка партија кои пак самите си дадоа отказ. По формирањето на новата влада самите си дадоа отказ. Во суштина и не знам дали можам да им дадам статус на вработени бидејќи и не иделе на работа, а добивале плата. И потоа одговорното лице добива кривична пријава и бега, односно директорот. Бега од државата, наместо да дојде да се соочи и да каже зошто е тоа така, тој бега“.

Тој исто така додаде дека ваквата состојба е како резултат на примери како на, како што рече, бегалецот кој е на црната листа и кој додека беше на функција мислеше дека оваа држава е негова своевина.

„Еве јас јавно повикувам да има што повеќе апликанти Албанци, повеќе апликанти Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци да влезат во јавната администрација и не сум заробеник на проценти, само да има квалитетни и коишто се мотивирани да работат. Веднаш утре да почнат да работат. Не се пријавуваат нема интерес. Никој нема да дојде за 25 илјади плата. Знаете зошто? Затоа што еден друг бегалец којшто е на црната листа мислеше дека оваа држава е негова своина, си играше фудбалчиња, а по малку и си работеше во Лотарија, па по малку си изнајмуваше простории коишто ги натплаќаше едно 10 пати повеќе од пазарната сума, па малку повеќе си купуваше објекти во центарот на Скопје, туристички агенции за неговото семејство итн.“, истакна Мицкоски и додаде:

„Така се празнеше и се цицаше државниот буџет којшто сега не може да си дозволи поголема плата и поголеми примања за да можеме да бидеме атрактивни како сектор, за да има повеќе Албанци коишто ќе доаѓаат на работа коишто ќе бидат мотивирани да работат коишто ќе сакаат да работат и коишто ќе придонесуваат заедно со мене, со вас за нашата заедничка унитарна држава. Нема интерес. Никој нема за 22-23 илјади да дојде да работи“.

Мицкоски исто така додаде дека рамката на законот за правична застапеност е готова и дека се работи на тоа да биде уставен, апликативен и никој во иднина да не може да го оспорува и да прави политички поени на оваа тема.

„Рамката на идниот закон е готова уште пред Нова Година. И да, во рамките на коалицијата во којашто е Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ, се работеше, се разговараше на решение коешто ќе биде уставно. Решение коешто нема да дозволи поедини политички партии, вработувањето коешто е уставно загарантирано да биде предмет на политичка дебата и политички собирање поени на одредени политичари коишто во отсуство на друга тема, немаат друга тема само тоа знаат и етнички ќе ги делиме сега работите“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од денеска исплата на социјалните и детските права за август

04/09/2026

Сончево и топло до средината на следната недела

04/09/2026

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување од над

04/09/2026
Македонија

237 семејства добиле нова шанса за БПО: Фондот го зголеми

04/09/2026
Македонија

Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно

04/09/2026
Македонија

31 пожар за едно деноноќие – сѐ уште активен пожарот

04/09/2026
Македонија

Поскапе меѓуградскиот превоз, до 11.000 денари месечно за патување до

04/09/2026
Македонија

За 8 Септември привремено се отвора граничниот премин меѓу село

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45449
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од денеска исплата на социјалните и детските права за август

04/09/2026

Корисниците на правата од социјална, детска и цивилна заштита од денеска можат да располагаат со средствата за август 2026 година,

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување од над 4,5 милиони денари

04/09/2026

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против физичко лице, сопственик и управител на правно

237 семејства добиле нова шанса за БПО: Фондот го зголеми бројот на обиди на шест

04/09/2026

Зголемувањето на бројот на обиди за биомедицински потпомогнато оплодување (БПО) што се финансираат од Фондот за здравствено осигурување веќе дава

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy