
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕКОНОМИЈАТА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ: Колкав раст очекува?
Премиерот Христијан Мицкоски прогнозира раст меѓу 3,5 и 4 во првиот квартал.
Мицкоски вели дека економијата во Македонија има потенцијал. Рече дека уште од првиот ден од преземањето на власта се соочувале со многу предизвици, државата била во слободен пад и им било потребно речиси година дена за стабилизација. Мицкоски рече дека веќе испорачуваат резултати за подобар живот за граѓаните.
„Кога институциите не функционираат, прво мора да го запрете падот. Не можете да бидете преамбициозни, нелогично и нереално, ако се соочувате со основни егзистенцијални проблеми. Тие се резултат на политики и однесувања со години и децении. Нашата стратегија беше прво да го запреме слободното паѓање, потоа да дојдеме до консолидирана состојба нула, па да планираме суштински реформи што ќе додадат вредност“, рече Мицкоски.
Вели дека државата сега е во позиција за економски раст.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски