Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Ваквите уставни измени се неприфатливи
Македонија

Мицкоски: Ваквите уставни измени се неприфатливи

20/07/2023

AA

„Неприфатлив, тотално неразумен и дополнително ги загрозува позициите на Македонија кон ЕУ“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за текстот на предлог-иницијативата за уставни измени, кој Владата го испрати за натамошна постапка во Собранието.

„Владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинираше текст за уставните измени кој не само што не е прифатлив, туку можам да кажам дека е тотално неразумен, и ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон полноправно членството во ЕУ. И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од Владата- во кој дел од заклучоците од Советот на ЕУ, во кој дел на преговарачката рамка, и во кој дел на протоколот, овој текст на овие уставни измени е содржан“, рече Мицкоски.

ДВ побара од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да објасни попрецизно на што конкретно се однесуваат тие оценки.

„Причините зошто таквите измени се неприфатливи се повеќеслојни, и пред сѐ, врзани со непостоењето на никакви гаранции дека ова ќе биде последната отстапка на патот кон ЕУ што Македонија треба да ја направи и отсуството на механизми за заштита на идентитетските прашања, како и понатамошни други теми кои може да се отворат со прифаќањето на измените, особено во делот на активната работа на Комитетот за односите меѓу заедниците. Се чини дека доколку и оваа брана се пробие, утре нема ништо да го запре источниот сосед, врз основа на имагинарни бројки да бара и квоти за вработување на Бугарите, соодветна и правична застапеност и ред други барања кои ќе бидат производ на политиката, а не на реалните потреби“, вели Мицкоски.

Тој оценува дека со актуелната Влада разградувањето на политичкиот и националниот супстрат на Македонците започнува од внатре. „Клучната грешка на оваа Влада е што презема обврски во овие процеси кои подоцна не може да ги реализира, поточно тие потпишаа документи без да постигнат консензус со опозицијата, и сосема природно и очекувано е тој процес да не` однесе во слепа улица. И ова не го велам од суетни причини затоа што не нѐ консултирале, туку поради суштински и практични причини: затоа што консултирањето на ВМРО-ДПМНЕ за процесите можеше само да издејствува подобро и правично решение за Македонија. Не може Бугарија да отвора процес за уставни измени во Македонија, а македонската Влада да не побара од Бугарија – барем 3 од вкупно 14 пресуди на Судот за човекови права во Стразбур да се реализираат во корист на тамошните Македонци. Не може Македонија да менува Устав, а да нема никаква конкретна помош за Македонија, ниту пак гаранција за нашите идентитетски обележја“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во низата од забелешки потсетува и дека секоја нивна добра намера за фер решение, била минирана со ситно политиканство на другата страна.

„Кога го велам ова мислам, пред сѐ, на последната лидерска средба, каде наместо Владата сериозно да ги разгледа аргументите и предлозите кои ги нудевме, тие излегоа и решија да прават спинови и да ја лажат јавноста дека сѐ сме прифатиле ,во состојба кога не прифативме ништо. На тој начин тие ја закопаа секоја шанса заеднички да го отрфлиме бугарскиот диктат и заедно да се избориме за подобри позиции за Македонија и постигнување на решение кое нема да значи повреда на идентитетските обележја. Исто така, еве помина година дена како лажат и манипулираат дека само што не обезбедиле мнозинство за уставни измени. Совршено јасно е дека нема таква поддршка, ниту гласови за прифаќање на бугарскиот диктат. Тоа е само за евтин маркетинг и дефокусирање на јавноста.

Затоа единственото одржливо решение во овој момент се изборите кои се излез од политичката и економската криза. Да не се губи време и уште оваа есен тие да се организираат и да се внесе нова енергија за придвижување на процесите важни за граѓаните“, порачува Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy