Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Уставните измени не се приоритет за граѓаните, постојат само во главите на неколку политичари
Македонија

Мицкоски: Уставните измени не се приоритет за граѓаните, постојат само во главите на неколку политичари

03/03/2023

AA

Уставните измени не ги споменува никој од граѓаните и тие постојат само во главите на неколку политичари кои ниту самите не веруваат дека тоа е добро, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашања околу предлогот на првиот вицепремиер Артан Груби, опозициската партија да ја поддржи промената на Уставот и потоа да се оди на предвремени избори.

– Не би го коментирал, ниту предлогот, ниту човекот што го дава тој предлог. Дадовме контра предлог – да одиме на избори без техничка влада, да го смениме законот и веднаш да одиме на избори. Да не губиме време. Еве не треба техничка влада, изјави Мицкоски при денешната посета на Стајковци, каде присуствуваше на отворање на спортска сала.

Според него, уставните измени не се приоритет за граѓаните и тие воопшти не ги споменуваат.

– Ако ги прашувате граѓаните, кои се вашите приоритети, тие ќе ви набројат најмалку 15 приоритети и ако не ги потсетите на уставните измени, никој нема да ги спомене, рече Мицкоски.

Според него, уставните измени „постојат само во главите на неколку политичари, кои и сами не веруваат дека тоа е добро“.

– Тие мислат дека ако на сила тераат процес на уставни измени, тоа ќе ги спаси нивните политички кариери. Секој политичар и пратеник треба да знае дека уставни измени не се за вклучување на дел од бугарскиот народ во преамбулата, туку за спас на политичката кариера на Артан Груби, Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите. Ова нема врска со Европа, освен со криминал и пари што го крадат народот, рече тој.

Во врска со денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека во моментов не е предвидена лидерска средба, а дека уставните измени ќе се носат преку јавните дискусии со вклучување на сите засегнати страни со еден изграден широк општествен консензус, Мицкоски истакна дека на одржаната средба во Клубот на пратеници тие веќе кажале што им пречи и не гледаат причина истото да го повторуваат.

– Им рековме немојте да прифаќате нешто што не можете да го испорачате – најпрвин тоа е промената на Уставот, бидејќи се потребни две третини, а потоа да прифаќате и вклучување на билатералниот договор со Бугарија во преговарачката рамка. Не не послушаа, прифатија.

Неколку месеци им велам ајде да одиме на избори, бидејќи создадовте проблем. Значи, ние имаме проблем. Ајде да одиме на избори, па секој од политичките чинители да понуди решенија за решавање на овој проблем, затоа што со ставање на пиштол на глава не се решава овој проблем. Во Клуб на пратеници ние кажавме што ни пречи. Јас седнав со Ковачевски и му кажав што ни пречи. Ние веќе сме седнале и сме кажале што ни пречи. Не гледам причина зошто повторно истото да го повторуваме. Нема нешто сменето. Нема сменети околности, рече Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy