Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Љупчо Палевски Палчо е партиско полициска инсталација на власта, проверете како собра потписи за партија
Македонија

Мицкоски: Љупчо Палевски Палчо е партиско полициска инсталација на власта, проверете како собра потписи за партија

18/12/2023

AA

„Доколку ги следите неговите ставови поврзани со одредени теми и доколку се вратите наназад во неговото минато како претседател на градската организација на СДСМ, јас пак можам да дојдам до поинаков заклучок, дека тој претставува партиско полициска инсталација. Не верува во тоа што го кажува и ги злоупотребува темите за да нанесе политичка штета на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „360 степени“ на МРТ.

Мицкоски додаде дека Љупчо Палевски Палчо е партиско полициска инсталација која нанесува само штета на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи одредени теми.

„Насилство не е прифатливо за мене и јас секогаш сум кажувал дека насилството не е алатка во политиката која што треба да ја користиме“, појасни Мицкоски.

„На таа средба и на средби со многу други личности кои што испраќале политички пораки, моето прашање било зошто и кои се аргументите да ги слушнам. Не сум слушнал аргументи, туку напротив стигна барање ВМРО-ДПМНЕ да помогне во собирање на граѓански потписи за да регистрира лицето политичка партија“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не му помогна во собирање на граѓански потписи за да регистрира политичка партија.

„Нормално дека не. Но три – четири години потоа сведоци сме сите дека тој успеа да регистрира политичка партија под името „Десна“. И сега прашањето е кој му помогна“, праша Мицкоски.

Мицкоски додаде дека јавноста и луѓето кои што се во политиката точно знаат кој му помогна на Љупчо Палевски во собирање на потписи за регистрирање на партија.

„Погледнете ги потписите на лицата кои што се потпишани и ќе го добиете одговорот“, укажа Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy