
Мицкоски: Создавањето семејство е патриотски чин
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека во фокусот на Владата во наредниот период ќе биде подобрувањето на демографската слика во Македонија, оценувајќи дека тоа е најголемиот предизвик со кој ќе се соочи државата во следните години.
„Можеме да реновираме градинки, училишта, да градиме патишта, но ако нема деца, тогаш сето тоа е залудно. Можеби некои ќе кажат дека сум конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотски чин. Денес така се брани иднината на Македонија“, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на нов булевар во Гевгелија.
Како дел од политиките за поддршка на семејствата, премиерот го истакна и зголемувањето на бројот на бесплатни ин витро постапки.
„Сметам дека шесте бесплатни ин витро процедури, за разлика од три колку што беа досега, се конкретна мерка во таа насока“, додаде Мицкоски.
