
Мицкоски со плата над 140.000 денари, Тошковски со додаток за ризик – колку заработува премиерот и министрите?
Највисока плата прима премиерот Христијан Мицкоски, додека веднаш зад него, поради законски додатоци, се наоѓа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Листата ги опфаќа нето износите на платите на Претседателот на Владата, неговите заменици и сите ресорни министри.
Премиерот Христијан Мицкоски прима месечна нето плата во висина од 140.450 денари.
Интересен е податокот за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Иако неговата основна плата е иста како и на останатите министри (115.540 денари), тој добива дополнителни 24.865 денари.
Овој додаток од 20% се исплаќа согласно решение од 2017 година за зголемување на платата утврдена за извршување на функцијата министер за внатрешни работи. Со ова, неговите вкупни примања достигнуваат околу 140.405 денари, што е речиси изедначено со премиерската плата.
Останатите членови на Владата, вклучително и вицепремиерите, имаат унифицирана нето плата од 115.540 денари. Оваа сума ја примаат петтемина заменици на претседателот на Владата:
Истиот износ од 115.540 денари важи и за останатите ресори, вклучително и за министрите Гордана Димитриеска Кочовска (Финансии), Тимчо Муцунски (МНР), Владо Мисајловски (Одбрана) и другите министри наведени во листата.
*На министерот за внатрешни работи во Влада на Република Северна Македонија му се утврдува зголемување за 20% на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година.
