Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски со осуда за случајот со новинарката Лиридона – ваквата одлука претставува ограничување на слободата на говорот на новинарите
Македонија

Мицкоски со осуда за случајот со новинарката Лиридона – ваквата одлука претставува ограничување на слободата на говорот на новинарите

31/01/2026

AA

Новинарката од Тетово, Лиридона Весели, е осудена на парична казна од 700 евра поради тоа што во свое новинарско известување го спомнала името на судија, со образложение дека на тој начин му бил нарушен интегритетот.

Судската одлука се однесува на нејзиното известување на социјалните мрежи, во кое Весели го навела името на судијата Нази Филјази, кој донел судска одлука за предмет што новинарката го следела подолг временски период. Според пресудата, објавувањето на името и презимето на судијата било оценето како злоупотреба на лични податоци и повреда на неговиот интегритет, иако станува збор за носител на јавна функција и судски предмет од јавен интерес.

Весели оценува дека станува збор за преседан во македонското правосудство и сериозно нарушување на слободата на медиумите. Таа посочува дека била казнета само затоа што известувала за судска одлука на судија од Основниот суд во Тетово, кој укинал притвор и изрекол казна од три месеци затвор за случај што вклучувал малолетна жртва. Паричната казна од 700 евра ѝ ја изрекол Основниот суд во Гостивар.

Случајот го осуди и премиерот Христијан Мицкоски, кој оцени дека ваквата одлука претставува ограничување на слободата на говорот на новинарите. Тој истакна дека слободата на изразување е над сè и дека секој напад врз новинар, без разлика дали доаѓа од политичка фигура, јавна личност или судија, треба најостро да се осуди.

Реакција пристигна и од Здружението на новинари, од каде што посочија дека името и презимето на судија се јавен податок и дека е апсурдно неговото објавување да се третира како повреда на правото на приватност. Според Здружението, првостепената пресуда испраќа сериозно негативен сигнал за слободата на изразување во земјава и дополнително го зголемува притисокот врз новинарството и правото на јавноста да биде информирана.

Со реакција се огласи и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, оценувајќи дека кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции, во контекст на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и ги ограничува медиумските слободи. Од Агенцијата апелираат сите релевантни чинители активно да придонесат кон заштита на слободата на изразување и информирање, како и кон обезбедување сигурна средина за работа на новинарите.

Инаку, според Кодексот на новинари и новинарските стандарди, дозволено е објавување на имиња на јавни личности, особено кога станува збор за теми од јавен интерес. Судските пресуди се јавни, како и имињата на судиите кои ги носат, а тие податоци се достапни за сите граѓани, не само за новинарите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy