Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет очекувам да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено!
Македонија

Мицкоски: Со изгласаните интерпелации, членовите на Судскиот совет очекувам да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено!

12/03/2025

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес одговори на новинарското прашање за очекувањата, по изгласувањето на интерпелациите за петмина членови на Судскиот совет. Тој нагласи дека најмалку што очекува е морална одговорност и да ги напуштат позициите членовите на Судскиот совет, за кои вчера Собранието изгласа недоверба.

„Па јас очекувам најмалку, морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, бидејќи јасно кажаа парламентарците, тие коишто ги избраа, дека тие го изгубија целиот кредибилитет. Дека тие повеќе немаат никаков кредибилитет, да бидат на тие места каде што се.

Впрочем тоа тие го докажуваат со изборот на партискиот врховен судија, којшто доаѓа од Демократската унија за интеграција, којшто е вршител на должноста, знаете како гласа, не треба јас тука да објаснувам. Така што, со еден збор, последниот штит кој е во одбрана на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ, се неколкумина обвинители и судии.“, објасни Мицкоски.

Премиерот напомена дека за него, се алармантни информациите коишто ги добива, којшто се поврзани со однесувањето на прв човек на едно обвинителство, кога слушнал за акцијата, којашто ја спроведуваше пред два дена, Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност.

„На нив не им е местото таму. Ако сакаат да бидат дворско-партиски забавувачи, тогаш нивното место не е во обвинителството, туку е во оние големи хациенди коишто се изградени во Западна Македонија. Но доколку сакаат, навистина да имплементираат правдина, тогаш треба да го сменат своето однесување. Но, тоа што го слушнав како тој човек се однесувал, мислам дека многу скоро од денес ќе се кае. Но, тогаш се плашам, дека ќе му биде доцна.“, рече тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy