Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски смета дека македонската химна треба да се интонира во сите училишта во државата
Македонија

Мицкоски смета дека македонската химна треба да се интонира во сите училишта во државата

20/10/2023

AA

„Секој граѓанин треба да покаже почит кон еден од основните симболи на државата во која е роден, му овозможила да се образува, да формира семејство и во неа живее“, изјави денеска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на прашање дали во сите општини каде градоначалниците се од ВМРО- ДПМНЕ ќе се инторнира македонската химна, тој рече дека ова прашање не би го партизирал и смета дека тоа треба да биде пракса не само во општините, каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

-Мислам дека ова треба да биде политика, којашто ќе биде централизирана. Министерството за образование оваа политика ќе ја спроведе и мислам дека на целата територија на државата треба да има ваков начин на покажување почит кон државата, во којашто сите ние живееме и твориме, вели Мицкоски.

Тој апелира до министерот за образование ова да биде државна политика и да се реализира во сите општини, без разлика од која политичка партија и да се градоначалниците.

-Имаме држави, нашиот стратешки партнер САД, каде што има многу нации, сите стојат пред интонирање на американската химна и се горди кога ја слушаат американската химна и сите го почитуваат американското знаме. Така што оние кои не ги почитува националните атрибути на државата, во којашто живее, тогаш навистина има сериозен системски пропуст, вели Мицкоски по посетата на Општина Гази Баба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy