
Мицкоски се сретна со Зеленски: Изразена поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир
Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави фотографии со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Како што вели изразил поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир. „Остварив средба со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир“, напиша Мицкоски.
