
Мицкоски се сретна со Милош Биковиќ: Актерот најавува инвестиција во Берово
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека имал средба со српскиот актер Милош Биковиќ, кој по потекло е од Берово.
На средбата, како што соопшти Мицкоски, Биковиќ изразил желба да вложи во својот роден крај преку изградба на хотелски и рекреативен комплекс.
„На мое задоволство имав средба со познатиот актер Милош Биковиќ кој по потекло е од убавиот македонски град Берово. Разговаравме за неговата иницијатива за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово. Ме радува неговата иницијативност и љубов кон Берово и Македонија. Така се почитуваат своите корени“, објави премиерот на социјалните мрежи.

