Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски предлага вонреден електронски попис во 2026 – условува со една изборна единица
Македонија

Мицкоски предлага вонреден електронски попис во 2026 – условува со една изборна единица

26/06/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за пратенички прашања излезе со предлог идната година да се спроведе вонреден електронски попис, но го услови тоа со усвојување на модел со една изборна единица „веднаш“.

Овој предлог уследи како одговор на пратеничкото прашање од Халил Снопче од Алијансата за Албанците, кој побара Владата да ја поништи одлуката за намалување на бројот на советници во општините, со оглед дека Уставниот суд вчера укина делови од методологијата за пописот од 2021 година.

– Уставниот суд оцени дека директорот на Заводот за статистика ги пречекорил надлежностите со тоа што внел категоризација на „резидентно“ и „нерезидентно“ население, без да има законска основа за тоа – рече Снопче.

Според него, оваа пресуда значи дека и одлуката за бројот на советници е невалидна, бидејќи се темели на податоците од тој попис.

Во одговор, премиерот Мицкоски посочи дека токму разликите меѓу пописите креирале проблем, наведувајќи пример со Општина Гостивар, каде од 85 илјади жители бројот паднал на 59 илјади резидентно население.

– Дијаспората е нераскинлив дел од Македонија и затоа барам да поддржите една изборна единица, со што ќе им се овозможи на иселениците да гласаат – порача Мицкоски.

Тој најави дека Владата е подготвена да спроведе електронски попис веќе во 2026 година, со вкрстување на бази на податоци, што, како што рече, ќе опфати 90 отсто од населението, додека само 10 проценти ќе треба да се попишат теренски.

– Ќе предвидиме средства во Буџетот за оваа цел – рече Мицкоски.

Снопче му одговори дека за гласање на дијаспората не е неопходна една изборна единица, туку политичка волја на партиите.

Инаку, Уставниот суд вчера со мнозинство гласови укина делови од Методологијата за спроведување на пописот во 2021 година, кои се однесуваа на категоризацијата „резидентно“ и „нерезидентно“ население, оценувајќи дека таквата одредба е спротивна на Уставот и принципот на владеење на правото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ДОБРО ДОСИЕ ВО ОДНОС НА ЕУ Милошоски

24/10/2026
Македонија

НОЌЕСКА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИЦИТЕ СЕ ПОМЕСТУВААТ 1 ЧАС НАНАЗАД Почнува

24/10/2026
Македонија

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО

23/10/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, СО СОНЦЕ И ДО 22 СТЕПЕНИ Прогноза за

23/10/2026
Македонија

📽️ ЛИКОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА НЕБОТО

23/10/2026
Македонија

📽️ НИКОЛОСКИ СО ПОДДРШКА ЗА РАДИЧЕВСКИ Најави проекти за Брвеница

23/10/2026
Македонија

СДСМ Е ВО АГОНИЈА, НАЧЕВСКИ БАРА ФИЛИПЧЕ ДА СИ ОДИ

23/10/2026
Македонија

📽️ МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО, ПРИМИРЈЕ ЗА ОПСЕДНАТИОТ ГРАД

23/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46345
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ДОБРО ДОСИЕ ВО ОДНОС НА ЕУ Милошоски оцени дека се зацврстуваат и

24/10/2026

Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД, но и по однос на политичко-економската поврзаност со

НОЌЕСКА СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИЦИТЕ СЕ ПОМЕСТУВААТ 1 ЧАС НАНАЗАД Почнува зимското сметање на времето

24/10/2026

Утре, започнува зимското сметање на времето кое се практикува и во земјава. Во 3 часот по полноќ, стрелките на часовниците се

📽️ СО „РОЛС-РОЈС“ ВОЗЕЛ 194 КМ/Ч КАДЕ ШТО Е ДОЗВОЛЕНО 80 КМ/Ч Полицијата приведе гостиварец

23/10/2026

Возач на „Ролс-Ројс“ со тетовски регистарски ознаки е лишен од слобода откако бил фатен како вози со 194 километри на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy