Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски предлага маркетите да ги објавуваат цените на веб-сајтови, опозицијата веднаш реагираше
Економија

Мицкоски предлага маркетите да ги објавуваат цените на веб-сајтови, опозицијата веднаш реагираше

11/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека една од мерките која тој лично ќе ја предложи е ланците на супер маркети на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите и да ги ажурираат промените.

-Навистина не би сакал да шпекулирам, но еве една којашто би сакам да ја кажам и да ја предложам на Влада е да сите ланци на супер маркети, хипер маркети да имаат јавна веб страна, транспарентна на којашто ќе ги објават сите цени, на сите производи коишто ги имаат во своите маркети,за да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и тие самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме ние тие трендови и да правиме некаков хистограм на движење на тие цени, изјави Мицкоски.

Ваквата изјава веднаш наиде на реакција кај опозициската СДСМ од каде велат дека тоа е мајтапење со граѓаните.

„Христијан Мицкоски со своите последни изјави повторно докажува дека е целосно одлепен од реалноста. Во време кога граѓаните едвај ги врзуваат крај со крај, кога цените секојдневно растат, Мицкоски предлага „револуционерно решение“ – маркетите да ги објавуваат цените на вебсајтови, а граѓаните сами да ги споредуваат.

Дали ова е економската политика на Владата? Дали ова е стратегијата за заштита на животниот стандард? Да ажурираат сајтови додека луѓето сè потешко преживуваат?

Овој „бисер“ е само уште една потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема ни визија ни волја да преземе конкретни мерки за спречување на растот на цените. Ова не е ништо друго освен мачкање очи пред јавноста дека нешто „се работи“, додека во реалноста, трговците и крупните интереси се заштитени, а граѓаните оставени сами на себе.“, гласи соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy