
МИЦКОСКИ: Половина од царинските тарифи ќе бидат нивелирани и намалени од 1 јули
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека половина од царинските тарифи ќе бидат нивелирани и намалени од 1 јули, а останатите 50 отсто ќе се укинат на 1 јануари 2026 година.
Мерката е дел од економските реформи кои биле барање на бизнис заедницата што со децении не било усогласено.
„Тоа се парафискални давачки кои имаат цел да го зајакнат домашното производство и да им помогнат на извозно ориентираните компании. Со ова се врши и усогласување со европските стандарди“, изјави Мицкоски.
За изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе 50-процентна царина за производи од Европската Унија, Мицкоски рече дека Македонија нема да биде погодена од тие мерки, бидејќи се работи на воведување нулта царинска стапка за американски производи.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски