
Мицкоски од Скопје: Илинден – симбол на слободата и обединетоста
Денес по повод чествувањето на големиот празник 2 Август – Ден на Републиката, Илинден, премиерот Христијан Мицкоски во Скопје вели овој ден нека не потсетува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имaме, а тоа е слободна, независна држава Македонија.
„Дозволете ми од овде, од центарот нa нашиот главен град, Скопје да го честитам големиот празник Илинден.
Овој ден нека не потсетува на жртвата која што генерациите ја оставиле за да може нашата генерација да го има ова што денеска го имaме, а тоа е слободна, независна држава Македонија.
Нека нивната жртва не потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите кои што следат после нас, држава во која што имаме среќни граѓани, држава која што ќе биде просперитетна, држава која што ќе биде татковина на сите без разлика на етничката припадност. Овој ден нека не обединува, да се слави, да ни е вековит, да го чествуваме достоинствено и на помош нека ни е Свети Илија“, вели Мицкоски.