Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник
Македонија

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

02/10/2025

AA

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вети дека ќе направи сè што е во негова моќ виновниците за трагедијата во дискотеката „Пулс“ да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна. Пораката беше испратена од Кочани, заедно со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, кој во емотивно обраќање зборуваше за болката и обврската кон градот по несреќата.

„Некои изгубија се и јас жалам што тоа се случи, но ние направивме се што можевме за да спасиме и други да не загубат се. Се надевам дека виновниците, ќе сторам се што можам и што е во моја моќ, виновниците за тоа тогаш се случи ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе ја добијат заслужената казна, а ние како држава и како Влада ќе сториме се за тоа да не се повтори, затоа што тоа се можеби и најтешките часови во современата историја на Македонија како држава. Затоа нека почиваат во мир, а ние што сме на земјата ќе сториме се за споменот за нив да биде вечен“, изјави Мицкоски.

Кандидатот за градоначалник на Кочани, Влатко Грозданов, во своето обраќање ја опиша тежината на моментот и болката по загубата на 62-та „ангели“.

„И минатиот пат и сега не знам како да ви го опишам чувството кога седам тука пред вас. Што се ми се случува во душата и срцето, во однос на болката во однос на довербата, обврските и си велам дека многу повеќе овие 5 минути би ги заменил со 10 часа во операциона сала, па макар и со врзани очи отколку сега да седам тука пред вас но ете господ така сакал. А ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа, кога 62 ангела заминаа засекогаш од нас, нивните родители по нивните гробови, а ние по светските центри и по Клиничките центри. Додека седевме и гледавме со празен поглед во една точка, додека имавме нула надеж, некои луѓе работеа и не се предаваа. И наредниот ден работеа и не се предаваа и пак работеа и пак не се предаваа и после некое време почнавме да се покренуваме полека полека. Мое правило во животот е исто, работам и не се предавам.“, рече Грозданов, поврзувајќи ја истрајноста на градот со својата лична и политичка филозофија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy