
Мицкоски од Брисел: „Иднината на Западен Балкан е во ЕУ“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел се фотографираше со лидерите на земјите од Западен Балкан, и порача дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. На фотографијата се премиерот на Косово, Албин Курти, потоа албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.