
Мицкоски нуди помош на СДСМ
Лидерот Христијан Мицкоски иронично понуди помош на СДСМ, алудирајќи на тоа дека што помалку време се на власт, ќе направат помалку криминал и како што вели тој така ќе биде помала одговорноста која ќе треба да ја сносат.
„Секако се поразени. Јас ги разбирам, тие сакаат да го растегнат процесот. Јас ги разбирам, секој ден за нив значи тендер повеќе договорен во четири очи, но треба исто така да се свесни дека за тоа ќе има одговорност набру од денес. Ние сакаме и на ним да им помогнеме. Колку помалку ќе направат злодела, толку помала ќе биде одговорноста , подготвени сме да разговараме уште денеска“, порача Мицкоски.