Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Нудам три датуми за избори оваа есен или широка влада, заштитен идентитет и брза интеграција
Македонија

Мицкоски: Нудам три датуми за избори оваа есен или широка влада, заштитен идентитет и брза интеграција

08/06/2023

AA

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител вели дека на вчерашната лидерска средба со Димитар Ковачевски понудил три датуми за избори оваа есен или широка влада, како и заштитен идентитет и брза интеграција во Европската унија.

Му го кажав мојот предлог за избори кои би се случувале оваа есен, како три можни датуми ги предложив 24 септември, први или осми октомври. Да одиме на избори, тој кој што ќе биде поразен да го поддржува победникот во одбрана на националните интереси. Значи да бараме гаранција за многу вековниот македонски идентитет, култура, традиција, посебност, обичај и јазик од Европскиот совет и преземав обврска преку премиери на земји членки таа точка да ја ставиме на дневен ред. И бидејќи сите велиме никој нема против македонскиот идентитет тогаш нема причина зошто таа точка да не биде на дневен ред и да се добие таков документ со кој што ќе се добие документ со кој што ќе биде потврда на македонскиот идентитет, од страна на највисокото европско тело, а тоа е Европскиот совет, каде што членуваат шефови на влади и држави од земји членки на Европска Унија. А од друга страна ќе ги видиме вистинските намери на нашиот источен сосед, дали е идентитетот проблем или не е, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека се понудил да побара економски пакет за проекти за суштински потреби на граѓаните во форма на грант и кредитна линија за македонското стопанство.

Второ реков дека ќе разговарам јас бидејќи сме од истото семејство на ЕПП со Урсула Фон Дер Лајен и ќе побарам економски пакет за проекти за суштински потреби на граѓаните, во форма на грант кој што ќе биде дел од буџетот на Европската комисија за 2024 година. И побарав кредитна линија за македонското стопанство за да може македонското стопанство да се подготви за процесот на пристапување кон ЕУ и да може подготвено да го пречека тој процес.

Мицкоски потенцираше дека му предложил на Димитар Ковачевски да се бара од Бугарија да имплементира барем 3 пресуди донесени од Судот за човекови права, укажувајќи дека покрај евроинтеграции, се зборува и за добрососедство, додавајќи дека не може само Македонија да биде добра и да испорачува, но како што рече Ковачевски ги одбил предлозите.

И третата работа која ја предложив, а тоа беше на Судот за човекови права во Стразбур има 14 пресуди од кои што 13 се конечни, а од тие 13, 6 се завршени, и Бугарија мора да ги имплементира. И реков еве нека изберат 3 тие нека ги имплементираат, бидејќи покрај евроинтеграции, зборуваме и за добрососедство. Ако зборуваме за добрососедство тоа значи двосмерна улица, не може само ние да бидеме добри соседи, мора и од другата страна да видиме дали тие ќе бидат добри соседи. Но, тоа беше одбиено, истакна Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ

25/09/2026
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45789
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВА ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Софија одговори на идејата

25/09/2026

Пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции,

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На ВМРО-ДПМНЕ му одговара токму тој

25/09/2026

Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија, порача

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy