Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ НЕМА ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ЛЕНЧЕ РИСТОВСКА Не ја спомнал по име и презиме, самата се препознала во изразот „медиокритет“
Македонија

МИЦКОСКИ НЕМА ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ЛЕНЧЕ РИСТОВСКА Не ја спомнал по име и презиме, самата се препознала во изразот „медиокритет“

09/01/2026

AA

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска, образложувајќи дека во интервјуто не ја спомнал со име и презиме.

Од Владата велат дека им е чудно како обвинителката Ристоска се препознала во интервјуто.

– Во врска со Вашето новинарско прашање, ве информираме дека Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервјуто не ја спомна Ленче Ристоска со име и презиме. Тој говореше за медиокритети, и чудно е како Ленче Ристоска се препозна во тоа интервју – велат од Владата.

Обвинителката побара извинување по неговото интервју за „Вечер“, во кое Мицкоски зборуваше за измените на Кривичниот законик предложени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека најгласни коментари по измените имало од поединци од поранешното СЈО.

– Недостасуваат измените на Кривичниот законик бидејќи некој претходно направил авантура (зборувам за измените на претходната влада) и добро, поднесовме измени до Собранието на Кривичниот Законик. Веднаш излегоа поединци, и тоа најгласен коментатор беше еден поранешен припадник на поранешното СЈО, кој вели дека со овие нови измени се намалувале казните (а претходно немаше никакви казни, ама тогаш не ги слушнавме кога оние ги бришеа комплетно од КЗ) и овозможувале да се досудат, значи тие веќе ги осудија луѓево – да се досудат условни казни. Замислете каква им е матрицата на размислување. Пазете, обвинител коментира веќе досудена работа. Бидејќи обвинителот и адвокатот се две спротиставени странки во процесот… – рече Мицкоски.

Новинарката коментираше дека ова е „клиентелистичко-политички“, на што Мицкоски одговори: „Да, и сега јас ја слушам и просто не можам да верувам со каков тип на медиокритети ние имаме работа. Но, во ред, тоа е тоа“.

Ристоска, обвинителка од поранешното Специјално јавно обвинителство, е единствената која јавно ги критикуваше поднесените измени, предупредувајќи дека тие се подеднакво лоши, дури и полоши од измените од 2023 година. Таа аргументираше дека со предложените измени се санкционираат само конкретни дејствија во постапките за јавни набавки и се отвора простор за неказнивост каде што злоупотребите се најчести. Исто така, се брише одговорноста на службените лица од органите на државната управа, министри и други функционери.

– Измените на Кривичниот законик и тоа како влијаат на културата на неказнивоста која некако се протержира во изминатите години. И Обвинителството, по мое мислење, е ставено пред една неблагодарна и тешка задача. Имаме кратки рокови, таму каде што не е застапена застареноста, тоа експресно да се заврши. Од друга страна, ресурсите се такви какви што се, не ни се унапредени состојбите – изјави Ристоска во 2023 година.

ВМРО-ДПМНЕ, чиј имот е во рацете на обвинителката Ристоска, не ѝ се извини откако Мицкоски ја нарече „тажен симбол за неправда со државни бонуси во служба на Заев и Груби“. Премиерот на брифинг со новинарите истакна дека таа земала повисока плата отколку што требало.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy