Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Не очекувам прелевање кај нас како во Србија
Македонија

Мицкоски: Не очекувам прелевање кај нас како во Србија

15/03/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање вели „нормално е да ја следиме состојбата во Србија, неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците, доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но, не очекувам прелевање кај нас“.

Прашан за случувањата во Србија и информациите од тамошните медиуми дека „структури од соседни земји на Србија, наводно учествуваат во некакви сценарија“, Мицкоски рече дека нашата политика е јасна, „ние ниту сакаме да ни се мешаат во нашите внатрешни работи, ниту пак ние ќе се мешаме во внатрешните работи на која било друга земја“.

– Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача. Доколку некој побара помош од нас, советодавна, каква било, тука сме во рамките на законите и Уставот на Македонија да овозможиме такво нешто. Доколку не, повторно ние ќе си ја гледаме нашата задача, затоа што ние имаме работи што дома треба да си ги решаваме и ниту имаме амбиција, ниту сакаме да бидеме дел од внатрешните работи на која било, една земја во светот, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на реконструкција на локалниот пат Драчево-Мотел Китка.

Во главниот град на Србија денеска попладне се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на ќелезничката станица во Нови Сад.

Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад. Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш. Владата и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети. Студентите и академската заедница го отфрлаат тоа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy