Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Нашата света црква како и до сега да продолжи да биде големиот чувар на идентитетот на македонскиот народ, заедно да го промениме сивилото и да донесеме промени
Македонија

Мицкоски: Нашата света црква како и до сега да продолжи да биде големиот чувар на идентитетот на македонскиот народ, заедно да го промениме сивилото и да донесеме промени

16/04/2023

AA

Лидеерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска упати честитка до граѓаните на Македонија по повод најголемиот христијански празник Велигден.

„Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Воскресението Христово Велигден.


Ви посакувам безброј мигови на среќа, на спокој и на љубов за вас и вашите семејства.

Благодат за секој еден од нас која произлегува од радоста на Христовото Воскресение кое пак, еве веќе два милениума претставува најмаркантниот настан во историјата на човештвото, но и сведок за неизбежноста на победата на доброто врз злото.


Драги пријатели,

Живееме во време полно со предизвици, поделби, гнев, со омраза едни кон други, но и во време на големи неправди.


А тоа највеќе нé боли!

Кога гледаме дека од нашите раце сакаат да ја оттргнат надежта, соништата – нашите најмлади членови на ова општество кои притиснати од очајот на властa се приморани да ја бараат својата среќа во други држави, надвор од нивните родни огништа!

Имаме задача – моја, ваша, заедничка – да му ставиме крај на ова сивило и да ги промениме работите!

Да ставиме крај на неправдите и на заедничките болки што предизвикуваат заеднички страдања!

Заедно да се избориме за нови стандарди!

Друга опција немаме, и ова е Македонија за која се бориме.

Ова е Македонија во која веруваме!

Ова е Македонија за која вреди секоја наша болка, секоја промена, секоја возобновена надеж, секоја заедничка иднина.

Да ги кренеме главите, и да покажеме што можеме. Со срце, со ум. Заеднички.

За неповторливата шанса на нашата генерација.

Драги браќа и сестри,

Историјата нé учи дека предизвиците и ударите врз нас никогаш не престанале.

И денес се нападнати нашите темели кои се основата на сите наши силни колективни верувања, но и она што сме!

Овој пат разликата ќе ја правиме по мудроста што ќе ја покажеме и по обединетоста која мораме да ја имаме.

Во овие празнични денови испраќам и порака кон една од нашите најголеми идентитетски тврдини – Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија: единството и трепетот над македонскиот оган, како и секогаш низ вековите – да продолжат да бидат главната одлика.

Мудроста и разумот да продолжат да бидат главните двигатели на сите одлуки во овие историски времиња.

Целосно знаејќи за она што сме и за она што мора да продолжиме да бидеме.

И верувам дека нашата света црква како и до сега, ќе продолжи да биде големиот чувар на идентитетот на македонскиот народ.

Почитувани пријатели,

Добрината и љубовта нека биде водилка во вашите срца, а светлината и топлината нека бидат присутни во сите наши домови!

Нека е за многу години Велигден!

Христос воскресна!

Навистина воскресна!“, пишува во честитката.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy