Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Наш главен приоритет е стандардот на граѓаните
Македонија

Мицкоски: Наш главен приоритет е стандардот на граѓаните

24/04/2025

AA

Денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на седница вели дека главен приоритет и фокус на Владата е подобар и поквалитетен животен стандард на граѓаните.

„Апсолутно дека наш главен приоритет е стандардот на граѓаните и главен фокус на работењето на оваа Влада е да имаме подобар стандард и услови за живеење на нашите сограѓани“, рече тој.

Премиерот Мицкоски посочи дека за разлика од порано кога граѓаните се делеа од прв и втор ред, оваа Влада и тој лично се трудат да манифестираат друг пристап поразличен од минатото.

„Се трудиме да манифестираме поинаков пристап, пристап кој ќе биде многу поразличен од тој во минатото, да не бидеме по принципот „како до сега“. И затоа наш главен приоритет е животниот стандард, односно зголемување на платите на вработените во здравството, образованието и останатите сектори. И последниот податок покажа дека 9,6 проценти споредено со минатата година во месец март се зголемени нето и бруто платата“, изјави Мицкоски и додаде дека и ова не е доволно и ќе работат таа бројка да биде уште поголема.

Но, тоа не е доволно. Во периодот кој што следи ќе работиме таа бројка да биде уште поголема.

Мицкоски истакна дека платите на вработените во образованието пораснале за 12 проценти, додека платата во здравството пораснала за 20 проценти.

„Со синдикатите во образованието потпишавме договор кој што е историски во смисла дека е за 4 години, завршува во 2028 година со јасна динамика на зголемување на личниот доход. И до овој момент се зголемени повеќе од 12 проценти платите на вработените во образованието, основно и средно. Истото тоа се случи и со здравството, тука зголемувањето е малку поголемо, мислам дека тука зголемувањето е некаде околу 20 проценти. Но, исплатата во здравството, тука не смее да заборавиме еден многу важен периметар, а тоа е после многу време ја зголемивме капитацијата за матичните лекари, на матичните гинеколози и за матичните стоматолози“, потенцираше Мицкоски.

Премиерот Мицкоски рече дека минатата година иако во буџетот не биле предвидени средства за исплата на К15 на вработените во администрацијата, парите ги обезбедиле преку ребалансот со што се обезбедиле над милијарда денари.

Премиерот Мицкоски нагласи дека платите пораснале и во безбедноста за 10 проценти.

„Оваа година МВР ги зголеми платите за 10 проценти на припадниците во Министерството и сега добија награда за сите оние кои што имаат повеќе од 156 работни часа исполнето“, вели Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека и вработените во културата добиле исплатата на платата зголемена, иако како што рече Колективниот договор кој во културата е потпишан од страна на министер кој што не добил согласност од Министерството за финансии, а го потпишал под притисок и закана за нешто друго, направил 90 проценти од буџетот во културата да се користи за плата.

Мицкоски заклучи дека животниот стандард на граѓаните е пред и над сѐ.

„Животниот стандард ни е пред и над сѐ“, дециден е Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

08/09/2026
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
Македонија

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови

07/09/2026
Македонија

Случај „Државна лотарија“: Обвинителството најави 231 доказ, одбраната вели: Груби

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45533
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Земјотрес ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

08/09/2026

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга,

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026

На 06.09.2026 во 05:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Затвор Идризово е пријавено дека во установата бил пронајден

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026

На 06.09.2026 околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy