Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Народот има впечатокот дека тие кои нечесно заработуваат, не одговараат, но јас ви ветувам нема милост за никој!
Македонија

Мицкоски: Народот има впечатокот дека тие кои нечесно заработуваат, не одговараат, но јас ви ветувам нема милост за никој!

08/09/2025

AA

„Во вакви моменти треба да зборуваме директно и отворено, па сакам да потсетам на едно големо потфрлање кое како држава го имаме речиси три и половина децении постоење на независна македонска држава. А тоа е чувството на разочараност од системот. Тоа може да се забележи и во колективната слика за состојбата на една нација низ секојдневното опстојување, дури и на социјалните мрежи. Многу гнев, насобрана омраза, постојани навреди, клевети, кавги и лоши пораки“, рече Христијан Мицкоски претседател на Владата денес во своето обраќање по повод 8-ми септември- Денот на независноста.

Премиерот Мицкоски вели дека причините за таква разочараност кај граѓаните се пред сè поради примерите кои ги даваа политичките елити сите овие години.

„Причините за таква разочараност кај граѓаните се пред сè поради примерите кои ги даваа политичките елити сите овие години. И во ова мое обраќање не сакам да зборувам за партиските пресметки, ниту пак целта ми е да гледам низ призмата на партиските битки, туку говорам за државничките позиции и анализи кои мора сите одговорни да ги имаат во своите политички патокази. Тоа незадоволство од системот е пред сè поради неправедното водење на политиките, на страшно мачната транзиција, на многу силен криминал кој ја разјаде секоја силна пора во ова наше општество, на неправдите кои ги гледаа, на фактот што многумина ја водеа државата и одлучуваа за судбините на другите, а беа истовремено дел од криминалниот канцер кој ја разјадуваше државата и се смееја на лицето на правдата“, кажа тој и додаде:

„И затоа е впечатокот дека тие кои нечесно заработуваат, не одговараат и не лежат во затвор. Ова мора да се смени, а правдата да не прави разлика кој од каде е, кој од која политичка страна доаѓа и кој колку пари има, туку дали го прекршил законот или не, дали сторил криминал или не. И оние кои мислат или се прикажуваат за заштитени од одговорност треба да знаат-сега или малку подоцна правдата е неизбежна и ќе ги стигне. Нема да има милост за оние кои го крадат народот. Едноставно е. Сите ние мораме така да се однесуваме-неселективно, праведно спрема сите, и да создадеме пример на колективна, општествена одговорност за заедничката судбина.

Мицкоски порача дека државата мора да се движи напред, потенцирајќи дека сите ние мораме да придонесеме.

Залудна е мојата лична среќа ако мојот сосед е несреќен. Залудно е ако јас сум задоволен, а сите околу нас се соочуваат со проблеми. Од нас зависи, и сега многу повеќе од било кога порано … или ќе нè биде, сега и овде или немаме шанси повеќе. А јас ви велам-ќе нè биде! Мора да не биде. За таа цел го давам секој атом од енергијата. Не дојдов до овде за да се засрамам себеси, моето семејство, а потоа вас. Не дојдов овде за да направам богатство или име. Дојдов за да оставам трага за моите сограѓани заедно да создадеме иднина за моите, за нашите деца“, нагласи премиерот Мицкоски.

„Од првиот ден од кога ја имам одговорноста да ја водам Владата, до ден денес не заборавам силно и отворено да го погледнам народот, да ги стиснам дланките на многумина коишто даваат многу за државата. Тие измачени дланки се она што сме ние. Тие не хранат, тие го носат товарот од кој сите ние заеднички мора да понесеме дел. И тука мора да се однесуваме несебично и да даваме. Нашата татковина има иднина, и сите ние мораме да придонесеме. Јасно да зборуваме за работите кои се закана за нашето општество“, дециден е Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy