
Мицкоски на средба со Шарл Мишел во Брисел
Во четврток на 19 септември, претседателот на Европскиот совет ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски. Средбата ќе се случи во Европскиот совет во Брисел во 15:00 часот. На средбата се очекува да биде разговарано за европската перспектива на земјата, и процесот на зачленување во ЕУ.