
📷 МИЦКОСКИ НА РЕГИОНАЛЕН САМИТ ВО ТИРАНА Остануваме ориентирани кон ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на Самитот „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. Како што напиша премиерот, овој собир претставува значајна прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија.
„Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, кои се клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан“, порача Мицкоски.
Самитот во Тирана се смета за платформа за размена на искуства, јакнење на соработката и координирање на заеднички политики на патот кон ЕУ, со цел унапредување на економската, политичката и безбедносната стабилност во регионот.
.

