Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски на отворањето на делницата Градско-Дреново: Дела, а не зборови!
Македонија

Мицкоски на отворањето на делницата Градско-Дреново: Дела, а не зборови!

14/01/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на новата делница Градско-Дреново.

Тој во својот говор вели: Пред малку, пред да почне овој настан, имав можност да разговарам со работниците коишто учествуваа во изградбата на овој пат. Затоа што често пати политичарите доаѓаат на овие настани, сечат лента и си заминуваат. И некако, како да тие коишто и зиме и лете и дење и ноќе оставаат дел од својот живот градејќи ги овие градби, некако како да остануваат заборавени. И имав чувство дека овој пат, најпрвин, треба овој настан треба да започне токму од нив, да ги стегнеме тие вредни работнички раце и да им се заблагодариме, гледајќи ги во очи овие луѓе. Бидејќи сите ние имаме своја заслуга, но тие ја имаат најголемата заслуга, и јас затоа од мое име и од името на Владата им благодарам за сето ова што го правеа. Ве молам еден голем аплауз.

Исто така премиерот напомена, дека иако не е видовит, но некако како да изостана тој момент кога од опозициските партии, пред да се случи овој настан, доаѓаат на оваа градба или на градбите и се сликаат и го претставуваат како свое дело. Сакајќи на тој начин да ги политизираат работите.

Во продолжение погледнете го целосниот говор на премиерот:

„Денеска тоа, немам информации дали се случи или можеби ќе се случи после овој настан. Но, како и да е јас ја користам оваа прилика да кажам дека оваа градба е за македонските граѓани, тие ќе ја користат. Ова не е политичка градба, нема никој од политичарите да ја стави во џеб и да си ја носи дома. Граѓаните се тие коишто ќе го користат сето ова. И меѓу другото еве да им се заблагодарам и на опозициските сега партии коишто додека беа власт, во рок од 7 години не успеаја да ја завршат, па мораше оваа Влада предводена од коалициската „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ во којашто составен дел се коалицијата ВРЕДИ и политичката партија ЗНАМ, ја завршија и нека ни е аирлија и со среќа да си ја користат граѓаните.

Ќе продолжиме и понатаму да ги развиваме проектите, тоа е многу значајно за нас, бидејќи ние сме земја којашто во суштина нема излез на море, не изобилува со некои ресурси како што е нафта и гас, и тоа во одредена смисла на зборот претставува некаков си недостаток. Но она коешто ние го имаме, другите балкански земји го немаат. А тоа е дека ние сме природна раскрсница на многу важни два паневропски коридори. Тоа се Коридорот 8 и Коридорот 10. Годината ја започнавме со пуштање во употреба на еден ваков преубав експресен пат, којшто ги поврзува градовите Куманово и Крива Паланка, односно од местото Чатал преку Длабочица до Крива Паланка или од местото Страцин попознато за оние коишто патуваат кон нашиот источен сосед Бугарија. И сега го пуштаме овој пат преубав од Градско, Дреново- Фариш којшто е дел од Коридорот 10, во суштина отсечката 10Д. А, за неколку дена од денес, ќе го пуштиме првиот дел од пругата кон Бугарија, којашто треба да го поврзе Куманово со Бељаковце. И ова се три проекта коишто треба да го одбележат почетокот на оваа година, коишто многу лесно можеше да бидат споменици на едно лошо време, коешто сите се трудиме да остане во заборав и коешто лошо време нѐ влечеше назад.

Кога бевме избрани како Влада, имавме дилема. Дали да се однесуваме како нашите претходници и да кажеме дека животот започнува од нас и дека сѐ што било претходно треба да заборавиме и дека ние сме тие коишто се најпаметни и најмногу знаеме. Или пак, сето она за коешто се потрошени народни пари, ваши пари, пари од македонскиот буџет да го завршиме и да го пуштиме во употреба и покрај предизвиците и сите недостатоци коишто ни ги оставија. Ние одлучивме да го направиме ова второто, бидејќи ценевме дека тоа е правилниот начин како се постапува со тешко, макотрпно, мачно заработените пари на македонските граѓани коишто тие ги уплаќаат во буџетот. И еве денеска сведочиме една таква градба.

Продолжуваме и понатаму, не застануваме тука. Договорени сме со Јавното претпријатие државни патишта да продолжи проектирањето на делот до Прилеп преку Плетвар. Оној дел којшто треба да се прошири, да се надгради. А истовремено, со не смалена динамика, продолжува, не започнува, таа е започната, но продолжува изградбата на автопатот од Прилеп до Битола. И очекуваме и таа отсечка автопатска да биде час поскоро завршена. И се обидуваме да најдеме начин како да обезбедиме средства да ја завршиме обиколницата околу Битола до граничниот премин Меџитлија. Со што на еден брз начин би се користела и оваа отсечка од Коридорот 10 или отсечката 10Д, преку којашто стотици илјади, би рекол милиони возила годишно се обраќаат.

Исто така, продолжуваме и со Коридорот 8, изградбата на Коридорот 8. А тоа е автопатот којшто треба да ги поврзе Гостивар со Букојчани, потоа тендерската постапка којашто треба да ја поврзе Букојчани со Кичево. И со не смалена динамика се градеше додека не заврна, долго очекуваниот снег, оној познат автопат којшто треба Кичево да го поврзе со Охрид. Со што би ја завршиле и таа делница којашто е дел од  Коридорот 8. Очекувам дека отсечката од Врбјани до Охрид, можеби со мало исклучување кај месноста Ботун, да биде пуштена на почетокот од оваа туристичка сезона, таму втората половина на мај, првата половина на јуни. А целосно, таа делница да биде затворена до крајот на 2026 година.

На тој начин, се сака и се гради татковината. На тој начин, ние правиме подобри улови за граѓаните и на тој начин ќе продолжиме да работиме, затоа што само така можеме да покажеме дека принципот како до сега, заврши и остана на една друга страна од нашето минато. И дека е сега моментот кога, ја градиме државата и на тој начин Македонија се сака со дела, и Македонија ќе биде повторно горда.

Она што исто така сакам да го споменам е благодарност до амбасадорот Рокас, до Канцеларијата на Европската Унија за сето тоа што го прави за нас, и како држава и како граѓани. Бидејќи на тој начин преку реални проекти, преку проекти коишто сите можеме да ги видиме и користиме, можеме поблиску да ја доближиме Европската Унија и европските вредности до граѓаните. И убеден сум дека вакви проекти заедно со Канцеларијата на Европската Унија, во годините коишто следат, ќе завршуваме.

Исто така дозволете ми да се заблагодарам до заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, господинот Александар Николоски, до директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тие се одличен тандем, навистина одлично работат имаат навистина добра екипа создадено, креирано и ги испорачуваат очекувањата на граѓаните.

Сакам исто така, да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам до колегите професори и поддршката од  Градежниот факултет, бидејќи некако колегите не ги споменавме во претходните говори. Многу голема благодарност, бидејќи Градежниот факултет  исто така тука многу помогна. Министерката, се разбира, Гордана Димитриеска Кочоска, министерката за финансии, којашто исто така учествуваше во оној почетен дел кога се оградуваше, ослободуваше оној дел којшто беше закочен. До пратениците за поддршката во Парламентот, до сите членови на Владата исто така. До градоначалниците од Пелагонискиот регион кои инсистираа за трајно решение за оваа патна инфраструктура. Буквално на секој еден којшто остави дел од својот живот, за да ова денеска коешто ние го гледаме, биде реалност.

Затоа нека ни е со среќа и нека е аирлија овој експресен пат.

Старата латинска поговорка вели: Res, non verba – Дела, а не зборови!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy