Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: На изборите ќе бидам носител во првата изборна единица
Македонија

Мицкоски: На изборите ќе бидам носител во првата изборна единица

11/11/2023

AA

Мицкоски за „Република“ за прв пат открива во која изборна единица ќе биде носител на парламентарните избори.

Јас роден во Скопје, тука сум израснат, живеам во општина Карпош која е дел од изборна единица 1 и логично е тоа да биде единицата во која што ќе ја предводам листата на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објасни и зошто не ги поддржуваат уставните измени под овие услови.

Кога ние зборувавме за бугарскио диктат кажуваме дека вклучување на дел од бугарскиот народ во Уставот е една тема, втора тема е дали тоа е последна отстапка и трета тема е диктатот а четврта е целата операција каде што ВМРО-ДПМНЕ беше исклучена. Ако ВМРО-ДПМНЕ беше во тој беше во процесот од почеток тогаш ќе станеше јасно дека овој т.н француски предлог е неприфатлив.Владата себеси си додели ингеренции кои што не и припаѓаат.Таа од името на две третини пратеници прифати нешто за кое што нема бројка да го испорача.Кога ќе ни кажат тоа е реалност, ние велиме да свесни сме за тоа.Но, нели се реалност 14 пресуди на судот во Стразбур а таа реалност ја игнорира источниот сосед.Имаме задолжителни пресуди од Судот за човекови права.Нас ни велат не можете да ја игнорирате реалноста а од друга страна им дозволуваат на Бугарија да ја игнорираат реалноста.Како ние да веруваме утре нема да ни се случи повторно ново вето од страна на источниот сосед.Понудиме и да се додаде дел во кој ќе кажеме дека уставните измени со кој ќе вклучиме граѓани од бугарската заедница да почне да важи кога ќе почне ратификацијата во европските парламенти. Велат тоа не можело.Вие од нас барате да не ја игнорираме реалноста, а од друга страна ја толерирате најкорумираната и најсиромашната членка на ЕУ што ја игнорира реалноста.Бугарија без користење на структурните фондови на ЕУ не може да преживее ниту еден квартал.Никој не може да ме убеди дека ако може тие да бидат намалени или воопшто да немаат достап, многу поорганизирани и помоќни држави во ЕУ како Унгарија и Полска за многу понебитни работи.Ако е ова навистина геостратешко прашање и ако навистина некој сака да ја види Македонија предводник на овој процес тогаш може да ја убеди Бугарија да не ја игнорира реалноста и да го примени тоа што е пресуда од Стразбур за заштита на македонската заедница во Бугарија.Очигледно е дека сега процесот е заглавен.Барате од нас да не ја игнорираме реалноста но сакаме да видиме дека и вие не ја игнорирате реалноста.Двојните стандарди кон Македонија изминативе 23 години можеби биле аплицирани најмногу-билатерални договори во преговарачка рамка,промена на уставно име на насилен начин, промена на знаме, промена на Устав поради територијална поделба, што ниту една земја што сега се членки на ЕУ не го направиле.Ако зборуваме за принципи и европски вредности јас сум подготвен да разговарам.Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да ја затвори вратата тука сме, подготвени сме да разговараме но тоа да се темели на европски принципи и вредности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41639
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три нови проекти

19/02/2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy