
МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: Преговараат со земја членка на ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски очекува во ноември да објават нови инвестиции.
„За инвестицијата од 150 милиони евра, во последна фаза сме на преговори со една голема европска земја која е членка на ЕУ, се натпреваруваме за оваа инвестиција. Дневно комуницираме со потенцијалниот инвеститор и доколку тоа се случи, ќе биде голем чекор напред за нас како држава и како Влада“, рече Мицкоски.
Се работи за две инвестиции кои ќе бидат проширување на веќе постојни капацитети кои работат во земјава, како и за една странска инвестиција за која преговорите се во финална фаза.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
