Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ НАЈАВИ МЕГА-ИНВЕСТИЦИЈА: Гасни централи за решавање на проблемот со загадување
Економија

МИЦКОСКИ НАЈАВИ МЕГА-ИНВЕСТИЦИЈА: Гасни централи за решавање на проблемот со загадување

25/02/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски најави мега-инвестиција. Станува збор за гасни централи за решавање на проблемот со загадување, нула денари приклучок на домаќинствата, над 1 милијарда евра инвестиции во енергетика.

Тој имале средби со раководството на „Казанчи Холдинг“, која преку своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, преставува еден од најголемите енергетски гиганти во својата област.

Со повеќе од 25 години искуство, „АКСА Енерџи“ е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија. Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3.500MW во 8 земји, а мнозинскиот сопственик на „АКСА Енерџи“, „Казанчи Холдинг“ работи во 22 земји на четири континенти.

„Јас во минатото говорев, кога станува збор за решавање на проблемот со загадување на воздухот дека разговараме со инвеститори кои се заинтересирани за градење на когенеративни гасни централи кои всушност се единственото трајно решение за загадениот воздух. И дека се друго би значело ставање на проблемот под тепих. Станува збор за когенеративни централи со 500MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Токму „Казанчи Холдинг“ е компанијата со која разговараме за изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стига до домаќинствата по исклучително поволни услови. Приклучоците на гасоводна и топловодна мрежа се предвидуваат на 0 денари за домаќинствата, а цената на природниот гас за домаќинствата ќе биде многу пониска од онаа цена која е на берзите. Целиот проект, изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи е димензиониран на инвестиција од над една милијарда евра“, вели Мицкоски. 

Вели дека оваа инвестиција не е важна само за трајно решавање на проблемот со загадување на воздухот, туку и за енергетскиот потенцијал на државата. 

„Инвестициите во ова поле се гаранција и зацврстување на нашата енергетска независност која во 21 век е всушност и зацврстување на сувереноста на државата во нејзиното одлучување и водење на политика. Разговараме за проекти кои се од темелно значење за животната средина, економијата, енергетската независност и стратешкото позиционирање на Македонија. Разговорите продолжуваат и сигурен сум дека за брзо време ќе се договориме и ќе има конкретни чекори во реализација на нивните планови“, рече премиерот. 

Вели дека ќе стори што може за она што е од децениска важност. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

24/01/2026
Македонија

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од

24/01/2026
Македонија

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ

24/01/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, три

24/01/2026
Македонија

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се

24/01/2026
Македонија

ЗЛОУПОТРЕБЕН И ФОТОШОПИРАН ЛИКОТ НА АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА НА МАРШОТ

24/01/2026
Македонија

Адвокатката Коцевска со реакција на протест во Кочани: Досегашната воздржаност

24/01/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОГРАДИ ОД КРИМИНАЛОТ НА КЛАНОТ ДУБАИ Од

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40584
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ Славјанка Петровска предложила политички ветинг

24/01/2026

Ако не почнеме да се менуваме, како партија ќе бидеме маргинализирани, а во крајна линија – ќе исчезнеме, порача пратеничката

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од исходот на Конгресот

24/01/2026

Лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека денешниот Конгрес бил успешен од аспект дека бил усвоен извештајот за локалните избори

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ ШТО СЕДАТ НА ДВЕ СТОЛЧИЊА

24/01/2026

Вратите на СДСМ се отворени за секој чесен човек. Но нема место за тројански коњи, за оние што седат на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy