Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски му порача на Ковачевски да престане да биде кукавица – „нека ги прати уставните измени во Собрание да види дали ќе му поминат“
Македонија

Мицкоски му порача на Ковачевски да престане да биде кукавица – „нека ги прати уставните измени во Собрание да види дали ќе му поминат“

19/04/2023

AA

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што премиерот Димитар Ковачевски рече да ги донесе сите предлози за уставните измени во работната група и таму да дебатира истакна дека Ковачевски треба да престане да биде кукавица, и да ги прати уставните измени во Собрание да види дали ќе му поминат.

„Јас сум кажал дека работната група е затворена тема за мене и за ВМРО-ДПМНЕ, но ако еве веќе толку му е мерак со тие уставни измени го повикувам час поскоро да ги достави до парламентот и да ја затвориме таа тема, да не ја оптеретуваме јавноста со тоа дали ќе има уставни измени или ќе нема уставни измени еве ако е толку сигурен дека тоа што го прави тој и владата на ДУИ поддржана од него и неговата партија СДСМ, еве нека ги достави до парламентот и како такви ние ќе видиме дали практично ќе имаат мнозинство за потребата за отворање на Уставот или ќе немаат и да ја затвориме темата, да не ја оптеретуваме јавноста бидејќи навистина имаме многу суштински теми за кои што треба да зборуваме. А, тоа се криминалот, корупцијата, лошата економска состојба, проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Македонија. Еве ако му е толку мерак не се однесува како повторувач во трето одделение нека ја достави иницијативата. Не знам зошто чекаат, нели требаше минатата година во септември, октомври, па се предомислија во декември, па потоа рекоа во февруари, па не во февруари во мај, еве нека седнат и нека достават да ја затвориме еднаш засекогаш таа работа. Во овој парламентарен состав уставни измени ќе нема и тоа му е јасно и на Ковачевски и сега мисли дека ќе не кодоши по Европа по светот ќе лелека ќе плаче мислејќи дека ќе дојде некој овдека и ќе не убедува ќе не притиска. Треба и на него да му е јасно дека во политиката во вакви моменти се препознаваат луѓето кои што имаат амбиција да се занимаваат со политика. Ова се моменти кога човек треба да одбере, и ова се моменти кога ние како ВМРО-ДПМНЕ јасно одбравме а тоа е народот, страната на народот и тука нема дилема. Затоа еве го повикувам да не биде кукавица ако му е толку мерак, бега од избори, го поставија таму без да излезе на избори, нека ја достави оваа иницијатива во парламентот, нека не чека нема да се смени ништо, ни во мај ни во јуни ниту во септември ниту во октомври да се смени еве јас јавно го кажувам тоа. Нека ги достави во Парламентот ако има 80 пратеници како рековме јас заминувам од политиката тој продолжува да биде премиер ако нема 80 пратеници тогаш треба да одиме на избори, затоа што неговата политика е поразена“, нагласи Мицкоски.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy