
Мицкоски: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!
Премиерот Христијан Мицкоски на настан најави големи очекувања за претстојните локални избори.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ очекува огромна победа на изборите наесен. Ова, како што кажа премиерот, ќе значи освојување на поголем број општини.
Тој потенцираше дека постои тенденција СДСМ да остане без ниедна општина.
Партијата веќе ги објави повеќето кандидати за градоначалници.
Пред два дена објавија уште осум имиња. Идниот месец ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје.