Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Минималната плата да се реши директно помеѓу работници и работодавачи
Македонија

Мицкоски: Минималната плата да се реши директно помеѓу работници и работодавачи

31/01/2026

AA

Прашањето за висината на минималната плата треба да се решава преку директен дијалог помеѓу работниците и работодавачите, додека Владата може да има улога само на посредник, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски при посета на Тетово, коментирајќи ги барањата на синдикатите.

„Нашиот став е јасен, работниците и работодавачите се тие кои во бипартитен дијалог треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само фасилитатор“, рече Мицкоски.

Во однос на вработените во јавниот сектор, каде Владата е работодавач, премиерот потсети дека за најголемиот дел од прашањата веќе има постигнато решенија. За преостанатите околу 7.700 до 7.800 административни службеници, понудата е веќе на маса.

„Нашиот предлог предвидува дека за две години и два месеца од денеска, вработените во државната администрација ќе имаат примања повисоки за минимум 40 проценти. Доколку синдикатите се согласат, подготвени сме да ја прифатиме уште утре“, истакна Мицкоски.

Изјавата следува по големиот протест на ССМ одржан неделава, на кој се бараше минимална плата од 600 евра, наспроти сегашните 400 евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

31/01/2026
Македонија

ПРВ ПАТ ПО 60 ГОДИНИ ПОЧНА ДА СЕ ЧИСТИ ЕЗЕРОТО

31/01/2026
Македонија

Мицкоски: Минималната плата да се реши директно помеѓу работници и

31/01/2026
Македонија

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и

31/01/2026
Македонија

РЕНОВИРАНА ГИМНАЗИЈАТА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ ВО ТЕТОВО Најавиени и други инвестиции

31/01/2026
Македонија

Марш во Скопје за чист воздух

31/01/2026
Македонија

Ќе се гради „Патека на бесконечноста“ во чест на жртвите

31/01/2026
Македонија

АВМУ: Судската пресуда против новинарката Лиридона е удар врз слободата

31/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40862
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

31/01/2026

Град Скопје денеска спроведува темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Сите јавни претпријатија

ПРВ ПАТ ПО 60 ГОДИНИ ПОЧНА ДА СЕ ЧИСТИ ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ Водата е катастрофална, езерото

31/01/2026

За прв пат по 60 години ќе се чисти вештачкото езеро „Младост“ во близина на Велес, чии води се токсични

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи

31/01/2026

Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре на повеќе места низ земјава се очекуваат повремени врнежи

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy