Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Масовна излезност одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг од изборите
Македонија

Мицкоски: Масовна излезност одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг од изборите

25/04/2024

AA

Одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг од изборите е мобилизација на граѓаните и масовна излезеност. Доколку обете партии се решат на бојкот, со тоа ќе покажат незрелост, односно дека не се државотворни туку партии кои што водат интерес за малкумината што ги предводат. Тоа денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Охрид.

– Треба да сте достоинствени и во поразот. А вчера ВМРО-ДПМНЕ, со резултатите на првиот круг на изборите ја победи целосната владина коалиција убедливо. Тука зборувам на двајцата кандидати на власта – едниот е Стево Пендаровски, вториот е Бујар Османи. Кога заедно ќе ги соберете доаѓаат околу 300 илјади гласа. ВМРО-ДПМНЕ само, односно професорката Силјановска има 363 илјади гласа, според последните бројки коишто доаѓаат од ДИК. Значи ВМРО-ДПМНЕ како што им кажа така и стори заедно со народот, ја порази Владата. Очигледно е дека има големо антивладино расположение. Тие на овој начин покажуваат дека не се државотворни партии, дека се водат од личен интерес. И мислам дека тоа ќе го препознаат граѓаните на 8 мај за време на вториот круг и на Парламентарните избори, и ќе дојдеме до мнозинство во Парламентот како политичка опција и Коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, истакна тој.

Партискиот лидер ја искористи можноста да ја потсети македонската јавност дека двапати во минатото ВМРО –ДПМНЕ можела да се однесува незрело и неодговорно и да уценува, и во 2019 и во 2004 година, но како партија учествувала на тие избори, се борела до последно и била достоинствена и во поразот.

– Ние учествувавме на претседателските избори во 2019 година, се боревме до последно, бевме достоинствени во поразот тогаш, и еве пет години се вративме и ги декласиравме. Истото тоа се случуваше и во 2004 година кога беа изборите, потоа следеше расколот во ВМРО-ДПМНЕ кога  исто така имаше одредени структури во ВМРО-ДПМНЕ, сегашни  коалициони партнери на Пендаровски и Ковачевски, коишто повикуваа на бојкот,  но тогашното раководство на партијата излезе, се бореше, загуби. Победи тогашниот кандидат на СДСМ , Бранко Црвенковски, но сепак останавме достојни во поразот. Следеше  потоа раскол. Партијата се врати посилна од било кога во 2016  година. Денеска се враќаме посилни од било кога  во 2024 година. Така што, така се однесува државотворна одговорна партија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, тој ги повика граѓаните масовно, како никогаш до сега да излезат на следните Парламентарни избори и вториот круг од Претседателските избори, за да не се дозволи, како што рече, „типот на политичарите кои што се дел од раководството на СДСМ и Али Ахмети, да ја уценуваат Македонија, а земјата да тоне во политичкото мочуриште коешто тие сакаат да наметнат.

– Никој не е посилен од граѓаните. Сега сите алатки се во нивни раце, граѓаните се тие коишто одлучуваат за иднината на своите семејства и за иднината на Македонија. Од тоа што го видов изминативе 21 ден, убеден сум дека тие се обединети околу „Платформата 1198“ и околу потребата за промена. Така што, и покрај овие закани јас очекувам дека граѓаните масовно ќе излезат, дека Гордана Силјановска-Давкова ќе биде новиот претседател, а Коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО ДПМНЕ, ќе ја формираат идната влада со сопствено мнозинство од 61 пратеник во Парламентот, рече Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy