Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Коридорите 8 и 10Д ги имаме во програма и сме за нивна изградба!
Македонија

Мицкоски: Коридорите 8 и 10Д ги имаме во програма и сме за нивна изградба!

25/04/2023

AA

Јас ги слушам овие гимнастики на отворена сцена од дуото кое што ја води во моментов Македонија, Груби и Ковачевски. Морам да напоменам дека не е професија етничката припадност. Кај Артан Груби да се биде криминалец, не значи етничка припадност, кај Ковачевски да се биде криминалец не значи етничка припадност. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме против никој проект кој што опфаќа одредена целна група, етничка група, географска положба во Македонија, ниту сме против изградба на коридорите како што се дел од коридорот 10Д и дел од коридорот 8, кој што се всушност и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Но за што сме против? Еве сега ќе ви кажам. Против сме, да знаете дека не можете работаната недела, бидејќи постои одлука на Уставниот суд, да ја продолжите од 40 на 60 работни часа, а да потпишете договор кој што ќе опфати пенали во вредност повеќе од 200 милиони евра. Да, за тоа сме против и за тоа ќе има одговорност, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од општина Градско запрашан за коментар за коридорите 8 и 10Д во изградба на „Бехтел и Енка“ за кој премиерот Димитар Ковачевски избегнува да коментира, а од власта обвинуваат дека се води хајка против коридорот 8.

Мицкоски посочи, против сме да во услови на арбитража и спор со фирмата изведувач, македонското законодавство да го суспендирате и да важи законодавството на Англија и Велс, кое што по својата природа е различно од македонското, односно, македонското е континентален модел, а ова е англосаксонски модел. Против сме кога ќе се трошат буџетски пари, пари од граѓаните, да се суспендира Законот за јавни набавки, како што тоа го бара бладаат на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ.

Мицкоски додаде дека исто така ВМРО-ДПМНЕ е против да се гради овој голем проект без да биде извадено одобрение за градба како што тоа го бара владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер, СДСМ во измените на законот за градење, кои што исто се доставени во Парламент, посочувајќи дека се против и да се наплаќаат цени за асфалт, за бетон, за расчистување на терен два до три пати поголеми од тие кои што се пазарни и дивоградбите да се експропеираат по цена која што е иста како и легалните градби.

И, конечно, сме против криминалот кој што е присутен во овој проект, истакна Мицкоски.

Додаде дека има еден начин да докажат дека навистина се грижат за Македонија, за македонското стопанство, за граѓаните, истите овие услови кои што ги потпишале, да им ги дадат на македонските компании, да ги соберат без разлика дали сопственик на македонската компанија е Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Бошњак, Србин. Дали вработените имаат ваква или таква етничка припадност.

„Еве нека ги соберат компаниите во Македонија и нека кажат еве го проектот сработете го вие. Не да ми кажуваат дека 30, 40, 50% ќе бидат македонски работници, нека биде 100 проценти ако навистина се грижат за македонското стопанство и за македонските граѓани. За тоа сме против и ќе бидеме против и жестоко ќе се бориме да го исправиме сето ова. Не сме против да се гради. Ние сме партија која е позната по градењето, по реализација на проекти. Не сме против компании реномирани, но сме за нашите македонски компании и ќе продолжиме да се бориме за нашите македонски компании и се ќе направиме идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за нашите македонски компании да им овозможи да имаат услови за работа со кои што ќе вработуваат наши македонски граѓани“, рече претседателот Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy