Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Коалиција – таа власта со АА ја постоветувам со естрада
Македонија

Мицкоски: Коалиција – таа власта со АА ја постоветувам со естрада

01/02/2023

AA

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја поистоветува со естрада најавената можна нова владина коалиција со приклучување на Алијансата за Албанците и оценува дека таа нема капацитет за реформи.

Тој се уште е оптимист за предвремени парламентарни избори и верува дека поддржувачите на владиното мнозинство, кои се „незадоволни од состојбите“, нема да ги поддржат министрите што би ги предложил премиерот Димитар Ковачевски. Тоа, вели, ќе даде одговор дали ќе има предвремени избори или ќе се оди на редовни. Преостанатите 10-11 месеци до редовните избори, според него, нема да подобрат ништо, а изборите се нужност за „народот са избере политичари што ќе овозможат напредок на државата“.

– Теоретски кажано, според желбите на Ковачевски, на ДУИ и на тие кои сега се приклучуваат на оваа Влада, да речеме и да нема предвремени избори, имаме некаде околу 10-11 месеци уште колку би работела Владата. Зарем некој во Македонија верува дека во овие 10-11 месеци може да се направи нешто, да се подобри квалитетот на живот, стандардот на граѓаните, да се случат структурни реформи. Дури ни тие сами не веруваат во тоа и затоа оваа нова коалиција ја поистоветувам со естрада, во којашто овие политичари кои влегуваат во оваа владина естрадна коалиција имаат само една цел, а тоа е да задоволат неколкумина околу себе и да наместат уште неколку тендери за да можат да го ограбуваат народот. Таму нема капацитет за реформи затоа што јас такво нешто не видов во овие 5,5 години додека СДСМ е на власт, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посета во Општина Карбинци.

Тој посочи дека предвремените парламентарни избори „се нужност, за да може народот да си избере политичари кои ќе ја водат Владата, ќе направат структурни реформи и ќе ја придвижат државата напред“ и кои, како што нагласи, „ќе градат, а не да крадат, како што се однесува денешната владина коалиција на ДУИ со СДСМ, а која гледаме дека ќе се проширува“.

– Се уште сум оптимист, бидејќи се уште има структури во пратеничката група на СДСМ и на останатите политички партии кои се уште го поддржуваат владиното мнозинство и се уште рефлектираат позиции дека се незадоволни од ова што се случува и оти ќе се охрабрат и нема да ги прифатат предлозите на Ковачевски што ќе ги номинира за министри. Самото тоа ќе даде одговор дали ќе имаме предвремени избори или пак ќе одиме на редовни избори следната пролет заедно со претседателските, рече Мицкоски, додавајќи дека единствената широка коалиција која би ја прифатил е таа со народот.

Ковачевски и лидерот на АА Таравари вчера ја одржаа втората средба за најавеното можно приклучување на АА во владејачката коалиција. На средбата, како што изјавија, се усогласиле за поголемиот дел од програмските определби, додека за кадровски решенија не разговарале, туку за тоа ќе имаат состанок наредните денови.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy