Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Капиталните инвестиции ќе бидат главен двигател на економијата во 2026 година
Македонија

Мицкоски: Капиталните инвестиции ќе бидат главен двигател на економијата во 2026 година

27/11/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието посочи дека за следната година главен приоритет на Владата ќе бидат капиталните инвестиции, кои се очекува да бидат мотор на економскиот раст, како што тоа беше случај и оваа година.

Според Мицкоски, економијата бележи раст од 3,4% од БДП, а во третиот квартал се очекува уште повисок раст, со оглед на тоа што во градежништвото реализацијата на инвестициите е зголемена за над 34% и кај капиталните и кај приватните инвестиции.

„Нашата цел е да оствариме реален раст на БДП од 4% и повеќе, и номинален раст помеѓу 7,5% и 8%. Тоа веќе го правиме – во првиот квартал беше 7,5%, во вториот 7,8%“, истакна премиерот, додавајќи дека Владата исто така работи на намалување на јавниот и државниот долг.

Мицкоски нагласи дека односот на задолжувања во споредба со додадената вредност во економијата е позитивен, со што, како што посочи, Владата создава двојно повеќе вредност отколку што се задолжува државата. Тој посочи дека политиките на сегашната влада се фокусираат на одговорно управување со јавните финансии и капитални инвестиции, за граѓаните да почувствуваат конкретни резултати.

„Главната цел е да се реализираат капиталните инвестиции во сите општини, а вкупниот обем на овие проекти, вклучувајќи ги и програмите преку министерствата, достигнува околу половина милијарда евра. Дел од проектите се завршени, дел се во тек, и очекуваме 75 до 80% да бидат реализирани“, изјави премиерот.

Мицкоски посебно ја спомена завршната фаза на автопатот Кичево-Охрид, напредокот на коридорите 8 и 10д и очекувањата за започнување нови капитални проекти во следниот период.

„Жестоко работиме на реализацијата на капиталните проекти и очекувам значителен напредок во сите сегменти“, додаде Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy