
Мицкоски: Кај Ковачевски проработел Фројд, можеби е фрустриран од мали работи
Запрашан за тврдењата на премиерот Ковачевски за владеење на мал и голем Груевски во ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потенцира дека можеби Фројд влијае на Ковачевски, па тој може да биде фрустриран од ситници и да прави такви споредби.
Мицкоски додаде дека веројатно нема потреба да ги коментира ситните испади на Ковачевски бидејќи тој само уште кратко ќе ја извршува функцијата.
„Можеби и не треба да се коментираат овие ситни испади на Ковачевски, не знам дали тој воопшто заслужува, но сепак уште некое кратко време ќе ја врши функцијата каде што е. Ја слушнав таа изјава и морам да кажам дека кај г. Ковачевски проработел Фројд. Можеби тој има лична фрустрација од мали работи и поради тоа прави споредба со тие мали работи. Јас би го советувал дека тие мали работи, кои, претпоставувам, него го фрустрираат, не треба да го фрустрираат. Треба да гледа од позитивната страна на тоа, бидејќи уште малку време ќе биде таму каде што е, а потоа ќе замине. А некои мали работи коишто претставуваат негова лична фрустрација, за жал ќе мора цел живот да ги носи“, изјави Мицкоски.