
Мицкоски: Инвеститорот ќе ја заврши гасификацијата за три до пет години
Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање рече дека турскиот инвеститор „АКСА Енерџи“, инаку дел од „Казанчи Холдинг“, гасификацијата на Скопје ќе ја заврши за три до пет години.
„Акса Енерџи“ ќе треба да донесе гас и топлинска енергија до самите домови, откако ќе ја изгради секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа. Ќе изгради и гасни централи, од кои ќе се произведува топлинската енергија, но првенствено електрична енергија
„Топлината ќе може да се користи за затоплување на домовите, секаде каде што не се приклучени на централното греење. Ова е единствениот начин за решавање на загадувањето на долг рок
Ќе треба врем,периодот е грубо од три до пет години, но важно е да почнеме, ако ова се почнело, ќе беше побргу. Ова е инженерски технолошки процес, ова е само почеток, одиме град по град за да обезбедуваме централно затоплувањеи граѓаните да имаат избор.
Нема никакви субвенции, гарантирани цени, гарантиран откуп, повластени и стратешки инвеститори, се се темели на пазарни услови. Ние ќе помогнеме како држава во административниот дел, за да го забрзаме тоа како процес“, рече Мицкоски.
Премиерот вчера заедно со „Акса Енерџи“ ја најави оваа инвестиција со проценета вредност од милијарда евра.
Турскиот Казанчи Холдинг е заинтересиран во Македонија да гради когенеративни гасни централи во Македонија со 500 мегавати инсталиран капацитет и годишно производство на 4,1 терават часови електрична енергија и на околу 720 гигават часови топлинска енергија.
