
МИЦКОСКИ: Имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе има и нови инвестиции.
Рече дека целта е да има инвестиции низ целата држава.
„Во моментот имаме преговори со седум инвеститори и очекувам во периодот што следува тие инвестиции да ги објавуваме во јавност. Уште не се избрани локациите за три од овие седум инвестиции, а дел од понудата што ја даваме до заинтересираните странски инвеститори се сите технолошко индустриско развојни зони, вклучително и таа во Делчево и таа во Кочани така што ние можеме да дадеме наши лични приоритети, но сепак конечниот збор го имаат инвеститорите“, рече Мицкоски.
Најави дека наскоро ќе има договор со европска држава.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски