Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Има големо будење и обединување на граѓаните околу идејата за промени
Македонија

Мицкоски: Има големо будење и обединување на граѓаните околу идејата за промени

16/04/2024

AA

Оние чевли коишто ги редеа пред зградата на македонската влада симболизирајќи го иселувањето на македонските граѓани, сопствениците на тие чевли никогаш не дојдоа, ама бројот на тие чевли се зголеми за десет пати кои што ги чекаат сопствениците кои што заминаа од Македонија изминативе шест и половина година, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Дојран.

Додаде дека како професор на факултетот може да каже дека осум од десет негови студенти, веднаш по дипломирањето кога ќе ги прашале каква е вашата иднина, кој е вашиот план, што планирате да правите, сите велеле дека бегат што подалеку од овде.

-И не само затоа што економска е причината, бидејќи како инженери имаат релативно примамлива почетна плата, туку повеќе затоа што чувствуваат фрустрации, бидејќи некои граѓани се привилегирани и се граѓани од прв ред, а тие се чувствуваат граѓани од втор ред. Во некои делови од Македонија законите важат, а во некои делови од Македонија законите не важат, рече Мицкоски.

Според него, претстојат неколку клучни недели кои што значително ќе ја определат иднината на Македонија во кој правец ќе се движи, бидејќи не се само обични избори и нема да биде клише, како што рече „ако кажам дека овие избори, практично се крстосница која насока ќе ја земе Македонија во иднината“.

-Јас сум убеден дека тоа ќе биде правилната насока и од она што го гледам во изминатите дванаесет дена низ Македонија е дека навистина има едно големо будење и обединување на граѓаните околу идејата за промени, подвлече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ако направиме една ретроспектива наназад што се случувало кога владата во Македонија ја предводела СДСМ, тогаш ќе дојдеме до елементарен заклучок дека најмногу губела Македонија како држава, граѓаните бидејќи се осиромашувале, се ограбувале и исто така, не помалку важно, губел македонскиот идентитет, набројувајќи примери од осамостојувањето на Македонија до денес.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ посочи дека ова го зборува со цел да потсети на важноста на 24 април и на 8 мај, од Дојран, обраќајќи му се на сите граѓани кога ќе ја носат одлуката треба сето ова што се зборува да се има во предвид за да не се повторуваат порази, грабежи, омаловажувања, понижувања и срам  кои што секогаш, без исклучок, го носи владата на СДСМ.

На митингот во Дорјан говореше и носителот на пратеничката листа во четвртата изборна единица на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Александар Николоски, кој упати неколку пораки до градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и дека слушнал дека градоначалникот тргнал да прави притисоци и да нуди поткуп.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy