Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ, сè ќе сториме во наша моќ, но да биде без двојни стандарди
Македонија

Мицкоски: Иднината на Македонија е во ЕУ, сè ќе сториме во наша моќ, но да биде без двојни стандарди

27/11/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и во однос на преземените чекори кон евроинтеграциите, ги потенцираше специфичните условувања кон Македонија, билатерализацијата на патот кон членство во Унијата, се наврати на однесувањето на минатите влади и неколкупати прифатените условувања вон Копенхашките критериуми, но и посочи на конкретни преземени мерки во овој период наведени во извештајот на ЕК. Притоа напомена дека ваквиот однос и оценување од страна на ЕК во извештајот не треба да биде причина за евроскептицизам, ниту пак да биде модел за исполнување на сè што е ставено на маса, а притоа да се нема гаранции дека друго, освен зацртаните критериуми нема да го попречат патот.

„Не треба да имаме дилема ниеден во Собранието дека иднината на Македонија е во рамките на ЕУ. Се разбира дека пристапот до реализирање на таа цел е поинаков. Претходната влада имаше пристап дека со тоа што ќе потпишуваат и прифаќаат сè што ќе им е ставено на маса ќе им бидат простени криминалот и корупцијата и сето она што беше заштитен знак за нивната влада и дека ако стават потпис на секој од документите ставен на маса, некој од таму на магичен начин ќе ги остави на власт и ќе продолжат сложно да ги крадат граѓаните и државата. Но, граѓаните избраа лани на изборите, по која патека и траекторија ќе се движи државата, а тоа е траекторијата на правичност многу работа правичност, чесна работа согласно законите и работа којашто дава испорака за граѓаните. И тука оваа влада не ги двои граѓаните, ниту по етничка, ниту по верска или политичка припадност и така ќе продолжи да функционира.

Заедничка цел на сите нас е да бидеме дел од ЕУ. За тоа треба да ги завршиме преговорите, но пред да ги завршиме треба да ги започнеме. Многу пати до сега високи функционери на претходната влада, почнувајќи од претходните премиери, ни ја кажуваа невистината, дека сме ги почнале преговорите, дека преговараме, дека имаат добра вест, проследени со објавувани селфи-фотографии од авиончиња, од бротчиња, од понекоја јахта од Егејското Море итн. како еве патуваме кон Европа, возот е незапирлив само што не сме стигнале, а во суштина се наоѓаме на истото место каде што бевме за жал пред 25 години. На самиот почеток. И ние сме единствениот случај, во којшто не можеме да напредуваме, затоа што имаме активна блокада, активно вето, поради билатерални прашања. Прво тоа беше спорот со нашиот јужен сосед, спорот за името на државата, па на начин на којшто сите бевме сведоци се случи таа промена, а сега е повторно нова измена на Уставот, којашто претходната Влада го суспендираше Парламентот и прифати нешто коешто не успеа да го испорача и сега е дел од заклучоците на Европскиот совет дека ние треба тоа да го направиме без притоа да имаме јасна гаранција и предвидливост дека и тоа да се направи, дека ние ако ги завршиме преговорите и сето тоа што треба да го завршиме, бидеме дел од ЕУ, и дека нема да има дополнителни блокади поради билатерални прашања. Влегоа во таа авантура, реков кој беше мотивот на претходната Влада“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во својот одговор.

„Тоа не е начин на размислување на оваа влада, напротив размислуваме сосема поинаку“, продолжи Мицкоски.

„Сè ќе сториме во наша моќ за да стигнеме и да ја реализираме таа стратешка цел, но мора тоа да биде без двојни стандарди, да биде согласно Копенхашките критериуми и мора да имаме двонасочна улица. Не може улицата да биде еднонасочна, бидејќи за името на европската цел и за името на европските интеграции граѓаните на Македонија направија многу отстапки во минатото, ако тргнеме од промената на банкнотите, преку промената на знамето, потоа промената на името, Уставот неколку пати“, дециден е Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Свлечиште во Шипковица, дадени насоки за населението да го напушти

27/11/2025
Македонија

Стомачни тегобии имам и јас деновиве, настанот да не се

27/11/2025
Македонија

ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ КАЧУВААТ СПОРЕД ЗАКОНОТ Ќе биде подобро и

27/11/2025
Македонија

Ќе се проверуваат попустите за „Black Friday“ – секој вид

27/11/2025
Македонија

СÈ ЌЕ СТОРИМЕ ЗА СТРАТЕШКАТА ЦЕЛ, НО ТОА МОРА ДА

27/11/2025
Македонија

Филков до Европски фронт: Трагично е што дискусијата ја сведувате

27/11/2025
Македонија

Во сабота ќе се одржи 31-ви „Марш на ангелите“ во

27/11/2025
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА РАСТ НА ПЛАТИТЕ ОД 9 ДО 10% ВО

27/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38174
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Свлечиште во Шипковица, дадени насоки за населението да го напушти живеалиштето – активиран кризниот штаб!

27/11/2025

Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава

Стомачни тегобии имам и јас деновиве, настанот да не се злоупотребува, вели градоначалникот на Карпош

27/11/2025

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, апелира јавноста да не го злоупотребува случајот со стомачните тегоби кај учениците од ОУ „Димо

ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ КАЧУВААТ СПОРЕД ЗАКОНОТ Ќе биде подобро и за лицата со попреченост, ѝ

27/11/2025

Немој да сеете страв дека Пензискиот фонд бил пред колапс, дека немало да има пензии на 1 декември, сето тоа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy