
Мицкоски и останата владина делегација во посета на емиратот Шарџа
Премиерот Христијан Мицкоски и останатата владина делегација во вториот ден од посетата на ОАЕ ја посетија Шарџа, третиот по големина град од емиратите.
Мицкоски и останатите министри и директори ја посетија Стопанската комора на Шарџа и имаа средба со нејзиниот претседател и раководството.
„Разговорот беше насочен кон создавање мостови на соработка помеѓу нашите економии, размена на добри практики и идентификување на можности за заеднички инвестиции и поддршка на приватниот сектор.
Ваквите средби се клучни за зајакнување на билатералните односи и отворање нови перспективи за бизнис заедницата“, искоментира премиерот.