
Мицкоски и Филипче утре на средба во 14 часот!
Премиерот Христијан Мицкоски и опозицискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче неофицијално утре ќе се сретнат.
Според информациите, средбата е закажана за во 14 часот во Владата.
Претходно, Филишче најави дека ќе побара состанок со премиерот Мицкоски во најкраток можен рок, со цел да се отвори процесот на дијалог за клучните стратешки прашања за државата.
„Оставам простор за сите политички партии да го разгледаат овој предлог и да ја прифатат иницијативата за лидерска средба. Добро е прво да го поразговараме ова со премиерот, имајќи предвид дека тој прв подаде рака и изрази подготвеност за ваква средба“, изјави Филипче.
На ова Мицкоски одговори дека е подготвен во секое време.
„Сериозни работи се во прашање и тоа најмалку е што треба да се прави естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време, ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ – на полноќ, после полноќ кога ќе каже тогаш, да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши“, изјави Мицкоски.
